ТЕРОРОТ ВО КОЧАНСКО-ВИНИЧКИОТ И ЦАРЕВОСЕЛСКИОТ РЕГИОН ВО ПЕРИОДОТ ЈУЛИ-АВГУСТ 1913 г.
Териториите на Кочанска околија, Виничко и западниот дел од Царевоселска околија (Каменичко), за време и (во првите денови по завршувањето на втората балканска војна, ги снашла вистинака катастрофа, како во поглед на човечкиот потенцијал така и на сите видови на материјални добра. Оваа територија за време на втората балканска војна често ги менувала воените господари, бугарски, српски, час со неа владееле бугарските, час српските и црногорските војски.
Со оглед на тоа што ова подрачје се наоѓало (во центарот на воените дејстнија, тоа било посетено од членовите на Карнегиевата комисија, која (во својот труд Анкета на Балканите, меѓу другото, забележала: „Селото Виница, означено во српските документи како изгорено и опустошено од Бугарите при отстранувањето, српските војници при навлегувањето во него (веднаш почнале да ги прашуваат селаните еден по еден, дали се Срби илн Бугари? Оној што ќе речел дека е македонец, ужасно бил тепан. По ова, началникот на војската избрал 70 души и дал заповед да ги стрелаат… На 10. 07. 1913 г., три дена по ова во селото се (вратила бугарската армија, а по извесно време пак го напуштила селото. Тогаш, освен старците, сите селани се повлекле со бугарската војска
Од цивилното население, поради здобиените рани за време на тепањето, умрел Коле Атанасов.
„Во село Блатец се повторува истата историја. Турците ги (клеветат македонците како сомнителни. Затвораат дваесетина од нив, му ги извртуваат очите на едно момче за да посочи каде се сокриени парите, друго едно го фрлаат во оган за истата цел, а потоа ограбиле и опожариле цели квартови. По ова ги извеле осомничените надвор од селото. Офицерот извикал: кој може нека се спасува. Војниците стрелале на нив и ги избиле сите. Поради ваквата бесмислена осветољубиво-користољубива заповед на еден војник, недостоен да го носи тоа име, во с. Блатец, Виничко, загинале:
1. Зафир Момчилов Трајков, бил измачуван, му биле извртени очите, за да покаже каде се сокриени парите
2. Доне Темов, му биле извртени очите
3. Алекса Темов, жив изгорен
4. Ангел Мирчев, стрелан
5. Трифун Митрев,
6. Симеон Стојменов,
7. Поп Спиро Стојанов, 8. Павел Синадинов,
9. Михаил Ангелов,
Како и лруги 11 души селани кои биле затворени и измачувани во турската џамија, а потоа, изведени надвор од селото и во месноста „Оризарски брест”, биле стрелани.”‘
Одмаздата на српските војници врз имотот, честа и животите на селаните од с. Лаки, Виничко, била уште поголема. Тие се (нафрлиле врз селаните како на стока и ги тепале каде ќе ги престасале и со се што ќе им паднало во раце. Двајца современици, кои на некој начин успеале да го преживеат крвавиот масакр, сведочат:„Селото беше сардисано од сите страни. Војниците влегуваа во куќите и секој што ќе го најдеа дома го тепаа и бараа пари. За пари многу го мачеа соседот Серафим Ѓоргиев. Тој пискаше колку што можеше да го држи гласот. И колку повеќе пискаше, толку повеќе го тепаа. Едно време тој го изгуби гласот и татко ми рече: „Му ја зедоа душата, кучиња!” Од спротивната страна се слушаше врисок на женски глас. Тоа беше дода Евда Цекова. И таа престана по едно време да вика. Тогаш, татко ми рече да бегаме низ задната врата. Така и сторивме, побегнавме во шумата, во месноста „Грбовец”. На ова место пред и по нас се собра многу народ. Оттука гледавме како изгоре селото. Од 145 куќи, само 3 не беа изгорени, беа останале случајно. Кога се враќавме кон селото, на патот кај месноста „Бел Камен” го препознавме трупот на Тодор Марков, овчар, убиен на овчарската колиба. Малку панастрана од него беа парчосани други двајца, кои едвај, можеше да се препознаат оти се луѓе. Кога се вративме во селото ги најдовме избодени и потонати во крв:
1. Иван Мицев
2. Серафим Георгиев
3. Мите Јанев, парчосан на делови. Неговите блиски го „собраа” во вреќа и го однесоа во гробиштата да го погребат.
4. Евда Цекова, целата беше избодена со ножеви и беше искрвавена,
5. Марко Гоцвв, убиен во овчарската колиба
6. Атанас Марков, негов син
7. Харалампие Митев, стрелан и избоден
8. Александрија С. Домазетов, од с. Бигла, Царевоселско,
9. Саво Александров,
10. Спасо Петров,
11. Андан Стојков,
12. Илија Пецев,
13. Петар Христов,
14. Герасим Александров,
15. Георги Јовев,
16. Ефтим Темелков,
17. Милош Еф. Темелков,
18. Стоилко Митвв,
19. Илија Гошев,
20. Коле Лазаров,
21. Мите Јанев,
22. Саво Георгиев,
23. Георги Атанасов,
И селаните од с. Безиково биле изложени на страотен терор од страна на српските војници. Кога го зазеле селото, војниците се пуштиле во грабеж и силување на жените. Две од групно силуваните жени умреле на лице место, а една друта жена умрела нешто подоцна од последиците на повредите добиени од војниците-насилници. На една од жените што ја силувале, и го испекле детето на оган. Детето штотуку наполнило една година старост. Од мажите во с. Безиково, од оние што биле фатени од војниците, не преживеал ниту еден. Имињата на убиените се:
1. Атанас Велков, дете
2. Стојмен Јанакиев, дете
3. Атанас Стојчев, стрелан
4. Иван Каранфилов,
5. Велко Илиев, ги изгубил и синот и жената
6. Георш Арсов,
7. Теодосие Христов,
8. Мито Христов,
9. Никола Ангелов,
10. Симеон Ангелов, стрелан
11. Гаврил Арсов,
12. Ангел Арсов,
13. Велин Јанакиев,
14. Лазар Тасев,
15. Стојмен Иванов, и уште 3 други селани чии имиња не се познати.Пакрај масакрот српските војници го опожариле селото, куќите, плевните, овчарските колиби и собраната летнина. Останатиот дел од населението побегнале во планината и во Бугарија. Стоката за која немало кој да води сметка била разграбена и стрелана од страна на војниците.
Во селото Липец српските војници паднале под влијание на Турците и крваво се пресметале со голем број селани. Едни биле стрелани, други избодени со бајонети и друго ладно оружје, а оние што останале живи, кусо време по тепањето, умреле. Селото во два наврати било ограбувано. Во првиот грабеж биле убиени:
1. Трифун Јакимов, учител
2. Нико Јакимов, брат на учителот
3. Филип Јакимов, исто така брат на учителот.
Пред да бидат стрелани долго време биле измачувани во турските гробишта. Мачителите од нив барале пари и оружје. Бидејќи немале ниту пари (ниту оружје, биле избодени со бајонети, а потоа закопани во плитка дупка од каде што им се гледале нозете. На истото место по нив биле закопани и:
4. Захариј Постолов
5. Тодор Постолов Чорбаџиев
6. Трифун Постолов 7. Симеон Ароов
8. Ампо Постолов
9. Иван Постолов
10. Мите Дамјанов
11. Илија Тирелков, гајдаџијата
12. Симеон Арсов
13. Цветан Митрев
Војниците не се задоволиле со овие жртви, туку повторно се вратиле во селото и почнале да ги измачуваат жените и уште неколкумина мажи. Меѓу сите нив на најголеми маки бил изложен свештеникот П. Георгиев на кого српските војници му забиле нож во устата. Од свештеникот војниците барале пари и оружје. Заедно со попот биле тепани и затворени:
2. Панчо Трајанов, сокршен од тепање
3. Гиго Трајанов,
4. Мише Манов,
5. Крсте Георгиев,
6. Теодосиј Постолов, беследно исчезнал
7. Спасе Иванов, тепан и измачуван
8. Мите Трајков,
9. Петар Иванов,
10. Стефан Мишев, одвлечен во шумата и беследно исчезнал
11. Евгенија Тодорова, групно давена
12. Стојна Григорова, „
13. Агница Симеонова, „
14. Стојанка Стојанова, „
Останатите жители од селото се разбегале во шумата или побегнале кон бугарската војска.
Исто така поради клевета од месните Турци, големо злосторство српските војници извршиле врз населението на с. Зрновци. Од сведоштвата на преживеани луѓе се дознава дека кон средината на јули 1913 г. селото било опседнато од голема единица, готова да го срамни со земјата. „Српските војници — наведуваат сведоците, придружени од голем број турски одмаздници, се растрчаа во групи по нашите куќи, влегуваа внатре кршејќи ги вратите и прозорците, а потоа грабеа се што ќе им паднеше во рацете. Тие не пцуваа и тепаа. Оние што пружаа отпор ги врзуваа со ортоми и синџири и според нивните постапки спрема нас, во нивните очи бевме пониски и од обичен добиток. Кога ги разграбија куќите, сите мажи, жени, деца и старци не поведоа кон турските гробишта. По патот од селото до гробиштата војниците не клоцаа, пцуваа и ни се закануваа дека сите до еден ке не стрелаат. Кога стигнавме до гробиштата, на секој од нас му беше јасно дека нема враќање назад. По едно време одделија 7 души од другите и почнаа само нив да ги тепаат и да прават со нив кој што сака и мисли. Најжестоко беше измачуван поп Томан Трифунов, а по него и Иван Фурнаџиев. Другите се разбегавме, некој во селото, некој во шумата, а некои во другите села. По извесно време, кога работата се стивна, видовме на каков грозен начин им беа одземени животите на седуммината наши соселани. Тие беа, најблаго речено, искасапени и не се препоанаваа оти се човечки суштества. Нивните имиња се:
1. поп Томан Трифунов
2. Иван Фурнаџиев
3. Панчо Данаилов
4. Ефтим (Тимо) Лазаров
5. Димитруш Јованов
6. Мишо Стојков
7. Иван Павлов
Истиот ден кога се извршени масакрите во Блатец и Зрновци, српските војници го разграбиле и селото Мородвис, кое штотуку почнало да се населува со христијанско население од планинските села на Кочанска околија. По разграбувањето на куќите, војниците стрелале петмина селани од Мородвис и тоа:
1. Апостол Божинов
2. Јордан Савев
3. Ристо Стојменов
4. Мито Станоев
5. Мите Николов
По извршеното злосторство била одземена стоката — едриот и ситен добиток од селаните, за потребите на војската. Единствениот сведок што останал, Турчинката Алиева, по се она што го видела, на повратниците во селото им рекла: „Ова место ќе ги казни тие луѓе, убија невин свет”.
На големи грабежи и насилства биле изложени и населените места Пеклани и Трсино. Во овие две села биле тепани и масакрирани голем број селани и тоа:
1. Филип Апостолов, избоден
2. Данчо (Дане) Спиров,
3. Горги Постолов,
4. Јордан Серјафимов,
5. Трифун Дончев,
6. Златан Стајчев,
7. Пешо Филипов,
8. Гоше Лазаров, од с. Трсино
9. Тасе Георгнев,
10. Коле Лазаров, 11. Велин Христов, 12. Зафир Христов, сите родум од село Пеклане, Кочанско.
Нешто подоцна, по избивањето на спорот меѓу околискиот началник на Светиниколска околија и разбојникот Јаја-ага, од страна на четниците на Јован Бабунски биле изложени на терор и неколку турски семејства, Од Турците биле убиени:
13. Мурат Фератов, убиен, родум од с. Трсино
14. Муарем Хасанов,
15. Расим Косев,
16. Денчо Сулеманов,
За селото Соколарци меѓу српските војводи и офицери се ширеле гласови дека било богато. Неколку фамилии од селото биле внесени во списокот што го изготвил четникот Јане Нивичаноски, посочени дека располагаат со многу златни турски лири. На сугестиите на четникот наседнал српскиот офицер Понјавиќ кој почнал жестоко да ги измачува маркираните семејства. Од страна на офицерот Понјавиќ многу бил тепан Постол Мицев (кој не можел да ги издржи маките, му дал 50 златни лири на офицерот и потоа умрел. По него на ист начин бил измачуван и селанецот Мите Стојмилов, кој исто така им подлегнал на раните, не му дал пари на офицерот, но умрел, На офицерот Понјавиќ, во измачувањето на селаните за пари, му се придружиле и: четни-кот Јане од с. Нивичино, Кочанско, како и српскиот офицер Поповиќ. Тие ги мачеле, затворале и изнудувале за пари сите селани за кои биле убедени дека имаат скриено златни турски лири.
Покрај деветмниа мажи, кои биле сокршени од тепање, исто така биле тепани и давени и три жени од се лото, кои останале со последици. Мачителите не се задоволиле со тоа, па расфрлиле данок на целото село и им се заканувале на луѓето дека сите до еден ќе биле испотепани, ако не ја исполнат обврската.
Покрај овие, од Кочани и Кочанако за време на војната и по нивното завршување, биле убиени, ранети, тепани и испропадени од своите родни места повеќе од половината на населението, во овој питом крај пред започнувањето на војните.
план на српската колонизација во Македонија
ПОСТАВЕНОСТА НА ГОЛЕМОСРПСКИОТ ДРЖАВЕН АПАРАТ 1913 — 1915 ГОДИНА
Иако некомплетирана, големосрпската воено-државна власт меѓу ноември 1912 и јуни—јули 1913 година била воспоставена во: Неготинска, Велешка, Овчеполска, Гевгелиска, Дојранска и во Валандовска околија. Во другите краеви на југоисточна Македонија Србите воспоставиле свои институции на системот дури во периодот меѓу 6 август и 25 август 1913 г. На 25 јули истата година бил назначен првиот началник на Штипскиот округ, кој подоцна бил применуван во Брегалнички округ и во него влегувале: Штипска, Овчеполсма, Кочанска со Виничкиот крај, Царевоселска, Малешевска и Радовишка околија. Велешката околија влегувала во составот на Скопскиот округ, Гевгелиската, Валандовската и Дојранската околија биле во состав на Тиквешкиот округ, Пробиштипската во Кумановскиот округ, додека Струмичкиот округ според Букурешкиот мировен договор и припаднал на Бугарија. Од средината на ноември 1912 до 25 август 1913 г. функцијата на окружната власт во Брегалничкиот омруг ја вршеле: Јово Поповиќ, резервен потполковник како командант на место, со широки воено-политички овластувања; Љубо Вуловиќ, началник на Штипска околија; Михајло Балабановиќ (Бал)абанов) како претседател на Општината и кметските наместици: Коста Гичев, Ибрахим Каминов (големопоседнк) и Хаџи Давид Сион, Евреин по потекло.
Во истиот период, во Тиквешкиот округ, воено-полициската власт била во рацете на командантот Петровиќ и Душан Николиќ. Меѓу 15 и 28 август 1913 г. биле востановени институциите: окружен, околиски и општински судови, Брегалничката дивизија, окружна команда со
седиште во Штип и Кочани, окружна бгагајна во Штип, месна контрола, шумарска управа, монополско надзорништво, поштенско-телеграфска станица, назначен е окружен економ, донесено е решение за отворање гимназија во Штип, назначени се училишни надзорници, царинарници, одредена била лакација на жандармеријата и на пограничните трупи и седиштата на околиите и општините.
За седишта ва околии биле одредени: Штип, Дојран, Радовиш, Кочани, Гевгелија, Берово, Царево Село, Свети Николе и Неготино, со предлог да се востанови околија и во Злетово, Виница, Пехчево и Валандово, кои имале третман на паланки (касаби) а, сепак, останале само како општински центри. За да се обезбеди што по организиран увид и контрола над населението, големосрпските управувачи формирале голем број општини и тоа:
— во Штипска околија 5 општини во селата и 2 во градот, За седишта на општини биле одредени: Штип, с. Карбинци, с. Никоман, с. Почивало, с. Брест и с. Лесковица.
— во Радовишка околија 9 ошптини со седишта во Радовиш и сепата: Долни Липовиќ, Злеово, Конче, Скоруша, Ињево, Подареш, Калаузлија и Прналија.
— во Овчеполска околија 11 општини со седишта во: Св. Никопе, и селата: Павлешенци, Долно Црнилиште, Мечкуевци, Немањици, Цумајлија, Горни Балван, Трооло, Горобинци, Барбарево и Малино.
— во Кочанска околија 11 општпини со седишта во Кочани, Виница и селата: Зрновци, Јастребник, Пресека, Соколарци, Нивичино, Облешево, Оризари, Блатец и Полами.
— во Царевоселска околија 5 општини со седишта во Царево Село, Каменица, Тработивиште, Драмче и Грлани.
— во Малешевска околија 4 општини со седишта во Берово, Пехчево и селата: Владимирово и Митрашинци.
— во Злетовска околија 6 општини со седишта во Злетово, Пробиштип и селата: Рудари, Калниште, Кнежево и Лесново.
— во Гевгелиска околија 7 општини со седишта во Гевгелија и селата: Богданци, Стојаково, Миравци, Негорци, Конско и Моин.
— во Дојранска околија 5 општини со седишта во Дојран, Валандово и селата: Аразлија, Кл’цково и Градец.
— во Неготинока околија 6 општини со седишта во Неготино и селата: Криволак, Пепелиште, Уланци, Џидимирци и Клисура.
Покрај овие, на територијата на југоисточна Македонија се наоѓале и седиштата на неколку општини од Велешка околија, како на пример: општината во с. Иванковци, Башино Село, Сојаклари и други.
Со мали исклучоци, во окјругот, околиите и општините, 99% од претседателите, деловодителите, писарите, жандармите и друтите службеници биле луѓе доведени од Србија — предани на големосрпската кауза, но не и способни да се носат со доверемите функции. Од македонските средини не се назначувани луѓе во органите на власта, под изговор дека овдешниот човек не располага со потребна култура и државна традиција. Во прилог на тоа зборува содржината на едно пиомо ка Штабот на Врховната команда во кое, меѓу другото, се вели: „за претседатели, кметови и одборници треба да се земаат луѓе неоспорно предани на српското дело”.
Административниот апарат ги користел поранешните турски државни простори (згради), а таму каде што немало такви, државата земала деловен простор под наем. Во таков, наемен простор била сместена службата на Околијата во Штип, додека окружната служба работела во поранешниот турски уќумат, зграда со два ката, ѕидана од; камен, кал и керпич, а имала 24 работни соби; 2 чекални и внатрешен клозет.
Во Радовиш, Околијата била сместена во поранешната турока гимназија, а во Берово во просториите на бугарската гимназија која имала 4 големи и 2 мали простории. Во Кочани и Пехчево за потребите на управните служби се користени просториите на туроките уќумати. Добри биле и просториите во Свети Ниноле, каде што е користена зградата на турскиот мудир, која имала 10 соби, 2 чекални и голем затвор, кој бил доста прометен.
Службеничкиот кадар во почетокот на воведувањето на управата, дејствувал претпазливо и многу се плашел од причина што насекаде во Округот беснееле Колерата, Вариолата, Арапската вариола, Тифусот и Маларијата.
Иако состојбата на здравстввната заштита била ужасна, сепак, на територијата на целиот Округ работеле само 2 лекари во Штип, 1 за Кочанска околија, 1 самоук лекар за Овчеполска, 1 исто таков за Малешевска околија и 1 свештеник, надрилекар од c. Оризари кој лекувал на своја рака.
Состојбата околу воопоставувањето на училишната мрежа, била уште покатастрофална. Окружниот началник, давајќи карактеристика на степенот на интелигенцијата на македонскиот народ, во еден документ од тоа време се изјаснил: „Интелигенцијата на народот од нова Србија (Македонија) не е ни влакно помала од онаа на земјоделците во нашите стари граници. Нешто повеќе, постојаните истезанија за избегнување на компромитираната турока власт, зулумите од Арнаутите, овој народ толку префинето го изостриле, а особено планинците по бистрина отскокнуваат над многу краеви на нашата стара државна област”.’
И сведошвата на анкетираните современици од македонските села и гредови, во однос на поведението на македонскиот народ го зборуваат истото. Во сите сведоштва се подвлекува дека македонскиот човек во целина добро бил воспитан и, место пцости, лаги, измами и друго, во општењето со другата страна најповеќе ги употребувал зборовите: добредошол, заповедај, сполајти, Бог нека Ви е напомош, нека Бог Ве чува и слично. Токму поради ваквата добрина и верба во собеседникот од другата страна, македонските граѓани, а најмногу оние од селата наседнале за време на балканските војни и платиле скап данок во крв и во материјални добра, токму на оние што им зборувале дека дошле да ги ослободат од Турците.
Инаку, новиот придојден голвмосрпски апарат во југоисточна Македонија, во периодот меѓу 1913 и 1915 година, спореден со предвоениот, турскиот, е неколку пати погломазен. Најголем број службеници биле концен-трирани во Штип и во друтите околиски центри на областа: Кочани, Дојран, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Царево Село, Берово. Во тие места покрај редовната администрација што ја сочинувале: 1 околиски началник, 2-3 писари, 3-4 практиканти, 5-6 службеници одговорни по одделенија (благајничко, економско, градежно и сл.), задолжително располагале и со гломазна полициска власт во чиј оостав, во зависност од големината и стратешкото значење на Околијата, биле вработвни од 80 до 300 души.
Од средината на 1914 година бројот на полицијата постојано се зголемувал. Во околиите и Округот, паралелно со окружната и околиската, функционирале и општинска и стратешка полициска власт. Кога на сето ова се додаде дека на територијата трајно биле лоцирани големи контингенти на воени и четнички формации и припадници на тајната полиција, станува повеќе од јасно, колкав бил државниот апарат што на еден или друг начин требало да егзистира од трудот на работниот човек, кој немал егзистенција и за себе. И не само тоа. Овој броен и нестручно подготвен апарат управувал со народот не по одредбите на Уставот што важеле за пределите на старите граници за Србија, туку според т.н. Уредба за „новослободените” области, со цел да се внесе страв во коските на Македонците, Турците и Арнаутите, и да не се повторат случаите како што беа во Тиквешкото и Охридско-дебарското востание од јули—октомври 1913 година.
Но, одредбите на Уредбата донесена на 25 август (7. 10) 1913 година не ги дале очекуваните резултати. Наместо тие да придонесат во Македонија да се денационализира македонскиот народ, тие придонеле тој народ да се отуѓува од новата српска држава и повторно, како во турско време, да го прифати комитството како единствен можен и прифатлив начин за борба против новите угнетувачи.Ваквото расположение кај народот, меѓу другите го воочиле и: Љубо Јовановиќ, министер за внатрешни работи, М. Драшковиќ, министер за градежништво и М. Гуричиќ, началник во министерството за внатрешни работи на Кралството Србија, кои по извршената обиколка на Македонија констатирале:
„нема да заплачи ниту едно македонско око, ако си заминат Србите од Македонија”.
Уште на самиот почеток од Србија дошле: во Неготинска, Гевгелиска и Дојранска околија 51 лице, во Малеш и Царево Село 9, во Крива Паланка и Кратово 51, во Кочани 21 лице и сл.
Војска, жандармерија и четнички формации
Српски воени единици, некои повремено а некои со подолг престој, на територијата на југоисточна Македонија имало уште во 1912 година и тоа во: Овче Поле, Злетовскиот крај, Велешко, Неготинско, Гевгелиско (перманентно) и во Кочани, Штип, Струмица, Радовиш, Валандово и повремено во Дојранскиот крај.
По завршувањето на втората балканска војна, по завладувањето на териториите во кои пред тоа се наоѓала бугарска војска, како: Штип, Радовиш и Кочани, меѓу 8 јули и 10 август 1913 година, била воспоставувана новата српска воена мрежа. По склучувањето на Букурешкиот мировен договор на 10 август 1913 г. српската војска ги запоседнала и териториите на Царевоселска, Малешевска, Дојранска, Валандовска и Гевгелиска околија. Во тоа време била востановена дивизиска окружна команда за Брегалничката област со седиште во Штип и Кочани, под чие покровителство се наоѓале голам број поголеми и помали воени единици, лоцирани низ целата територија на о6ласта. Војската била сместена во старите турски касарни, а во места каде што недостигал таков простор, војниците престојувале во просториите на егзархиските и турските училишта.
Во периодот од јули до првата половина на август 1913 г. од вкупно 20 редовни полкови војска на српската армија, 17 биле концентрирани на територијата на денешна РМ, без Струмичкиот округ. Поголемиот број од овие 17 полкови биле распоредени во реоните спрема бугарската и албанската граница. Ваквата концентрација на воени сили спрема бугарската и албанската граница, српската влада ја оправдувала со тоа што, наводно, од овие соседни држави на подрачјето на Македонија и на Косово упаѓале комитски чети. За да се излезе на крај со четите на ВМРО кои се помасовно навлегувале од бугарска на српска територија, претставниците на српската воена организација „Црна рака” инсистирале, во „новоослободените” предели со меч да се воопостави само воена управа, во траење од 5 години. И покрај тоа што владата на Никола Пашиќ не ги удоволила ваквите барања, сепак, Уредбата за јавна безбедност за „новоослободените” области од 23 декември 1913 година давала можност српскиот воен, жандармериски, четнички, црковен и државен потенцијал во Македонија и Косово да работи, ограбува и да суди кој како знае и умее.
Најблиски соработници на воените единици меѓу 1913 и 1915 г. биле: жандармеријата и четничките формации кои биле многу на број и биле распоредени — расфрлени низ целиот простор како печурки по дожд.
Најголема жандармериска единица во југоисточна Македонија бил Окружниот жандармериски одред во јачина од 307 жандарми, 15 коњаника и 295 пешаци со 1 поручник и 2 потпоручника. Одредот се сметал за непополнет и, така, командниот кадар на Одредот „изнаоѓал” поверливи лица од месното население, со цел за полесно откривање на поранешните и сегашните сторители на престапните (казниви) дејанија”.
Поверливите лица имале статус на тајна полиција па затоа нивните имиња не се предмет на преписката дури и на ниво меѓу полицијата и војската. Но, македонскиот народ е интелигентен и брзо реагирал на ваквата полициска клопка (брат братот да го предава), се повлекол во себе и никој со никого не се впуштал во разговор. Во врска со тоа, еден анонимен автор под псевдонимот Гајиќ, во една статија на весникот „Радничке новине” пишува:„Крвавата братоубиствена војна оставила страотни траги. Се е мртво, недоверливо, секој човек се плаши еден од друт. Стопанството и трговскиот живот во градот Кочани умрел. Само 20 бакалници и 30 занаетчиски работилници во Кочани ги претставуваат овдешната трговија и занаетчиство''.
Покрај Окружниот жандармериски одред за обезбедување на Штип, биле ангажирани и 60 жандарми за обезбедување на седиштата на општините и 15 за обезбедување на просториите на Околијата. Во Радовиш просториите на Околијата и Општината ги обезбедувале 50 жандарми, во Берово 35, Царево Село 34, Кочани 29, во Свети Николе 23 и т.н.
Со бројна жандармерија располагале и општинските центри кои имале статус на паланка, потоа општинските центри со стратешко значење и т.н. прометни комитски места.
Кога се констатирало дека мета на комитите се железничките линии, големосрпските власти брзо реагирале и како противмерка вовеле ноќни дежурства, организирале принудни патроли од редот на месното население и проектирале голем број жандармериски испостави по железничките линии: Велес — Неготино — Гевгелија. Растојанието од една до друга железничка станица, испостава и друго, изнесувало само 3 до 4 километри. И денес анкетираните современици иронично дофрлуваат дека, зад секоја втора или трета населба била лоцирана или почнала да се гради жандармериска станица или некое друго одбранбено укрепување.
Првата светска војна била пречка голем број проекти да не се довршат. Но, проектите на жандармериските станици што не се реализирани меѓу 1913—1915 г., биле извршени во годините на втората окупација меѓу 1919— 1941 г. кога биле изѕидани објекти покомотни и од поцврст материјал. Голем број од овие жандармериски станици на просторот на југоисточна Македонија сочувани се до денес, некои во добра, некои во полоша состојба, и како неми сведоци го потврдуваат она што го кажуваат живите сведоци.
Со овој гломазен полициски механизам во Областа раководела окружната полициска команда чие седиште било во Штип, а на која директно биле потчинети: околиските, општинските и стратешките полициски команди, што исто така во југоисточна Македонија ги имало во доволен број. Во случај на потреба, на жандармеријата редовно и притекнувала на помош војската, четничките одреди, а неретко и селаните и градските потери кои присилно биле мобилизирапи во претходницата на жандармеријата. Потерџиите немале право да носат оружје, туку наместо тоа, биле вооружени со вили, секири, лопати, стапови и друго. Во периодот од април 1914 па се до крајот на септември 1915 г. потерите и потерџиството станале секојдневна појава. Всушност, во тоа време територијата на југоисточна Македонија многу повеќе личела на казнен логор, одошто на ослободена од Турците земја.Десеткуваниот македонски народ, а во одредена смисла и Турците кои останале да живеат во своите родни места, биле најблаго речено пригмечени и изложени на страотно економско ограбување и на политички и физички притисоци од сите страни. Македонците и Турците, од една страна, требало да ги задоволуваат апетитите на сиромашното придојдено чиновништво кое во најголем број било корумпирано и некадарно да се носи со поверените му задачи, а од друга страна, требало да даваат на жандармите, четниците и на војниците и да ги извршуваат нивните наредби спротивно на сопствените желби и, од трета страна, населението требало да дава се што може и што има, на четите — македонски и турски кои биле присутни насекаде во Областа и имале воспоставено таков систем на организација, која имала целосен увид врз економската и политичката состојба.
Колку повеќе бројчано се зголемувал жандармерискиот, воениот и четничкиот потенцијал на легалната власт, во толку поголема мерка се зголемувало четничкото присуство во Областа. Настапила вистинска вооружена борба меѓу институциите на легалната и нелегалната четничка власт. Македонскиот народ и Турците, наоѓајќи се во центарот на оваа недефинирана, но постојана војна, по извесно колебање застанале на страната на Организацијата. Немало населба во која ВМРО не обезбедила јатаци и соработници. Работоспособниот дел од населението се растурал на сите страни. Институциите на големосрпскиот систем се покажале крајно неефикасни. Судовите, практично, престанале да работат на граѓански спорови. Ако се судело, тоа биле предмети само од политичка и разбојничка природа. Во отсуство на работна рака, мајките ги задржувале децата од училиште, поради што почнал да се растура и училишниот систем, а паралелно со училишниот се распаѓал и црковниот систем. Народот престанал да ги посетува црквите, од причина што службата во нив се изведувала на српски јазик, и поради тоа што новородените деца требало да добиваат српски имиња. При такви услови и околности, штотуку воспоставениот големосрпски режим се нашол во целосна изолација и не му останувало ништо друто освен да се брани самиот себе и да применува мерки на насилство и терор врз македонското и турското население.
Всушност, со мерките на терор кралска Србија го покажала своето вистинско лице на аграрна задолжена земја, а предводена од алчна и моќна буржоаска бирократија на која укажува и големиот српски син Димитрие Туцовиќ. Еве како тој ја окарактеризирал некадарната српска буржоазија, жедна да владее и да се величи:„Таа (српската буржоазија) се повива пред притисокот на северниот сосед, целата виси на скутовите на руската дипломатија, средства за владеење позајмува од странските капиталистички компании, но сепак се здоби со идеологија на експлоататор и сопственик кој се замислува на чело на гладна армија, како господар на неколку милиони пригушени поданици, сонува за величие, се рогуши, апелира само на сила и ги дави послабите од себе во исто време кога ја застрашува опасност и самата да биде задушена од појаките”.
Коментарот на Туцовиќ не е предмет на случајно резонирање. Во Србија сите Срби не мислеле исто во однос на македонското прашање. Така СДП на Србија инсистирала на ист третман за Македонците, каков што имале Србите во Србија. Весникот „Радничке новине” има 30 претплатници во Кочани и 30 во Кавадарци. Владо Дискиќ, до повод одбележувањето на „Први мај” во 1914 г., во овојот говор, меѓу другото, извикал: „Да живее балканската федерација”. Ставовите на Социјал-демократската партија на Србија со својата умереност и помагала на српската буржоазија, ако таа можела тоа да го разбере. Но, за жал, српската буржоазија, поточно бирократија и дворот мислеле поинаку. За нив, како што стои во еден документ од октомври 1913 г., „прашањето околу народноста е решено на Брегалница и во нашите граници (српските), нема веќе Бугари, туку слободни српски поданици”.
Ваквата крута српска политика се повеќе ги отуѓувала Македонците од српската држава. На македонскиот човек не му останувало ништо друго, освен повторно да се фати за оружјето и да поведе немилосрдна борба против новите угнетувачи на Македонија.
МЕРКИ НА ЗАСИЛЕН ТЕРОР ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ОД КРАЈОТ НА 1913 ДО СЕПТЕМВРИ 1914 ГОДИНА
Проширувањето на теророт, денационализаторскиот притисок врз населението во Македонија, како и грабежите, посегањата врз честа и достоинството на македонската жена од страна на големосрпската окупаторска власт биле не само главна причина, туку во нив се крие и директниот повод за избувнувањето на погоре споменатите војнички бунтови во април и септември 1914—1915 г. Погрешно ќе биде разбирањето, ако обопштено му се сервираат информациите за овие два историски и чисто македонски настани.
Бунтовите во Крагуевац и во Овче Поле се раѓаат и се развиваат како резултат на незадоволството на македонскиот човек. И водачите на бунтовите произлегуваат од средината на народот и затоа овие војнички бунтови носат белег на чист македонски народен револт. Нивните водачи не се од редот на комитите, ниту се избирани на конгрес и слично. Бунтовите избиваат спонтано, но громоглаано и за одбрана на својот гол живот, како и животот на своите блиски: мајка, татко, жена, деца и слично. Во прилот на тоа може да се набројат голем број примери преку кои, макар и наивно да се гледа на работите, ке се следи нишката на зародишот, развлекувањето на причините за овие строго целни и национални незадоволства. Еве неколку примери за тоа:
„Во летото 1914 г. во нашето село Карбинци (Штипско) дојде Јован Бабунски со голема група четници кои бараа да го предадеме сокриеното оружје, да ги потскажеме јатаците на комитите, дезертерите и бегалците во Бугарија. Сите молчевме. Тогаш, од насобраните селани беа издвоени: Маца Панева Георгиева, Цилка (Цика) дедо Ефремова, Доие Ефрамов, поп Панче Прналивв од Штнп, Стојан Кицоров, Коце Петров Дамбев, Мите Наков, Атанас Манолев и Михаил Балабанов од Штип (на прекар го викаа ефенди Михаил). Најпрво беше тепана тетка Маца П. Георгиева за која некои раскажуваа дека претходно била групно давена од четниците. Јас за такво нешто не знам. Ја тепаа со дрва и спрострена лежеше на земјата. Четворица бевме што ја носевме на раце од турската кула до дома. На ист начин со дрва ја тепаа и Цилка. И неа ја носеа на раце блиските родниии. Во моментот не умреа. Лежеа 2-3 месеца во постела, нозете и грбот почнаа да им гнијат, им паѓаше месо од раните и така испоумреа. Братот на Цилка, Доне Ефремов го поведоа со нив и не се врати, исчезна беследно. Додека останатите цели три дена и три ноќи ги измачуваа во турската кула. Соседите слушале како офкаат кога ги боделе со бајонетите. На третиот ден во вечерните часови ги одвлекле од кулата во непознат правец. Блиските роднини од селото и од Штип ги бараа насекаде цела една година, но не пронајдоа ни трага од нив. Едно овчарче по народност Турче, кое на прекор го викавме момокот на Рангел, случајно со своето стадо се нашло во месноста „Мртвите”, се скрило во една грмушка и гледало и слушало се што им правеле на нашите селани. Еве што ни раскажа овчарчето по една година од злосторството: „Оние што не можеа да одат ги влечеа за рацете и нозете, а оние што беа на нозе ги бодеа со штикови во задникот и во грбот. Устите им беа изврзани, не можеа да викаат, туку само хрчеа. Ископаа дупка во орманот и живи ги закопаа. Јас се тресев во грмушката. Штом тие си кренаа, ги потерав овците и си дојдов, но не можев да спијам ниту тогаш, ниту сега”. Штом разбравме за тоа од Турчето, отидовме на местото и ги откопавме. Навистина живи биле закопани. На сите рацете им беа полни со коса, а забите им беа стегнати.”
Уште попотресни случаи се одиграле во штипските села Лесковица и Пиперево. Имено, од еден „Список на жртвите на теророт 1912—1915″, (со коментар), за двете населени места се дознава:„Се случи во 1914 година кога српските жандарми и четници со сила ги мобилизираа нашите во српската војска. Една група од 7-8 души мажи на брзина ги одведоа во српската војска. Дојдоа по други, но ниту еден од 1 - от набор не сакаше да прифати покана за војска. Нашите селани преку дезертерите имаа дознаено дека сите војници од 1- от набор (група) се наоѓале во затвор, а имало и стрелани. Во селата се слушаа најразлични гласови. Мајките и татковците им советувале на своите деца да бегаат во Струмица веднаш по добивањето на поканата за војска. За да ги спречат младите да не бегаат, Србите го испратија во нашите села Јован Бабунски со неговите четници и жандарми. И во двете села дојдоа со описок во рацете и почнаа да ги апсат селаните што беа запишани во книгата: Петра Аргова Данчева, Миладин Манев Миладинов, Коце Јанев, Ефтим Илков, Гиго Василев Камчев, Тоце Јанев Шалев, Петруш Димов Томев, Христо Јовев, Стојан Димов, Богатин Георгиев, Коста Јовев, Тасе Лазаров, Стојан Миладинов, Јосиф Милев, Гуна Гелева и Миса Стефкова. Последните четворица така жестоко беа тепани, што повеќе би се рекло дека им ги кршеа ребрата, рацете, нозете, главите…
Другите тринаесетмина ги измачуваа во просториите на поранешниот уќумат на турскиот мудир. Бидејќи ги измачуваа во близина на училиштето, иако учителот ги терал децата да пеат песни за да не ги слушаат писоците на мачениците, сепак, деца како деца виделе се што им прават, а ги распознавале и писоците на своите блиски. Во врска со овој потресен настан ученикот Стојанчо Тр. Лазаров забележал: „Штом четниците на Јован Бабунски почнаа да ги тепаат нашите, учителот ни заповеда да пееме песни и викаше гласно: пејте посилно! Заедно со нас пееше и тој, но сепак гласовите на нашите мајки и татковци што ги мачеа во турскиот каракол, беа посилни од нашите. Едновремено учителот забележа дека сме исплашени и почна да мрмори нешто, но не се разбираше што зборува. Тој се сврте кон прозорецот, а истото го сторивме и ние. Тогаш видовме како им коват спици под ноктите, на некои од затворениците им ги сечеа прстите, а потоа искрвавените раце и нозе им ги ставаа во котел со врела вода. Сите беа раскрвавени и не се препознаваа. Добро се сеќавам на лицето на тетка Петра, целото беше издерено и во крв, и нејзиниот глас најмногу се слушаше. Учителот се сврте кон нас и пак ни рече да пееме. Јас и сите мои другари им раскажавме на домашните што видовме. Вечерта ги беа одвлекле сите 13 души, ги избоделе и ги затрупале живи во една дупка во месноста „Јанчев Дол”. гробницата ја открија кучињата, по крвта. На сличен и свиреп начин во месноста „Дабје” на Плачковица, четниците на Јован Бабунски и жандармите од станицата во с. Почивало погубиле, односно живи ги закопале вкупно 20те невини селани.
Четниците на Јован Бабунски потпомогнати од српските жандарми и од војниците, имаат извршено повеќе злосторства и во населените места во Малеш, во Пијанец, во Кочанско - виничкиот регион.
Од бележникот — опомените на монахињата баба Кирикија може да се види како четниците и жандармите на Јован Бабунски крваво се пресметале со една група осомничени граѓани од Берово и од селата, во август 1914 година. Еве како е опишан овој настан:
„Групата беше поголема. Во манастирските конаци беа затворени и чувани со удвоена стража. Жандармите во вечерните часови ги избираа жртвите и ги водеа во црквата „Света Богородица” каде што ги мачеле и убивале, а потоа мртвите трупови исчезнувале без трага. На неколкумина до денес не им се знаат гробовите. Неколку трупови се пронајдени подоцна, зариени под еден брег, а други беа пронајдени масакрирани дел по дел. На таков начин е погубена и попадијата Ордана Смокварска од с. Будинарци, ќерка на поп Јован од Берово. Нејзината ќерка Катерина, трагајќи по трупот на својата мајка пронашла само делови од главата, една рака и една нога. Расфрлани делови од човечки трупови, тогаш, можеа да се најдат насекаде.”
Монахињата од Берово во своите спомени се потрудила да ги забележи имињата на сите масакрирани граѓани и тоа: Нико Трендов, Ефтим Чашлапков, Јордана (Ордана) попИванова Тренчева, сестра на Нико Тредчов, Никола Иванов Фиданков, Георги Иванов Прдлев, Јован Црцвв, Ефтим Тренчов, (Аце), син на Нико Тренчев, Софија Јов. Петрова, Султана Јантинска (веројатно се работи за жената и мајката на Ефтим Чиплаков), Георги Двојаков, Гаврил Грков, Гаврил Пецов, Јане Кофчегарски, Илија А. Кофчегаров, Јана Иванова Телеграфчиева, Елена Иванова Кофчегарска, Никола К. Манов, Атанас Иванов, Ефтим (Тимо) Ценев, Мехмедоџа, Глигор Кирачев, Никола Миличин, Михаил Кржевски, Гаврил Ников и др. вкупно 27— 30 души.
Овие затвореници биле изложени на толку морничави измачувања, кои и денес, по толку изминати години потресно дејствуваат и се пренесуваат од постарите на помладите поколенија. Имено, обвинети, како поранешни членови на Комитетот за евакуација на населението за време на Првата балканска војна, и како сегашни членови на Комитетот за прифаќање на воени дезертери и префрлување на бегалци во Бугарија и во Струмица, четниците и жандармите ѕверски се нафрлиле врз нив и ги парчосувале на делови, а од крвта биле флекосани скоро сите простории на црквата во Берово. Штом поминало ова зло, соседите на црквата „Света Богородица”, уште наредниот ден по масакрот, потајно проговориле за начинот на кој биле ликвидирани жртвите. Всушност, поголемиот број од нив биле испотепани уште за време на распитот. На секоја од жртвите имало по четворица до пет џелати. Ги фаќале за рацете и нозете и така замавнувајќи, им ги разбивале главите од ѕидовите на црквата. Наредниот ден по злосторството, соседите што живеат околу црквата нашле делови од истечените мозоци по подот и по ѕидовите на црквата.
Два до три дена по злосторството, од страв да не ги снајде иста судбина, во Бугарија и во Струмица пребегале: 20 души од Берово, 10 од Пехчево, 22 од Ратево, 50% од населението на с. Русиново и 10—15 семејства од селата Владимирово и Мачево.
По овој настан, црквата „Св. Богородица” во Берово не ја посетувале верниците, се до летото 1924 година, кога по втор пат била осветена.
Српските четници и жандармите со посебна жед за одмазда се пресметувале особено со свештевиците и учителите кои живееле во пограничните краеви спрема Бугарија. За потврда на тоа зборуваат неколку изворни документи. Иако куси по содржина, тие даваат јасна слика на мачителите и на мачениците. Еве што е забележано во
еден од нив: „И во с. Бладимирово во 1914 г. еден крвав настан е познат под името „клање на поповите”. Имено, во 1914 г. е заклан поп Јован Мирчев. Тој е сечен на парчиња, а деловите се собрани во вреќа и така е погребан. На ист начин е убиен и поп Јован Зрлев и питропите Лазар Бакалски и Наце Крстев, потоа Мите Кушов (Кушето) и Мите Крланоки. И овој настан се одиграл но пролетта 1914 година”.
Додека во врска со масакрирањето на свештениците: поп Димитри (поп Ефтнм) од с. Мачево, поп Георги Чепарков, Петре Поп — Георгиев, поп Атанас Пантев од с. Митрашинци, поп Костадин Ковачев, поп Манасие, Илија Георгиев, Коста Поп — Ефтимов (Жежовски), Иван Христов, Коле Христов, Стојан Митев и Спиро Митев, сведокот баба Господинка Ковачева (Ковачка) раскажала:„Откако ги затворија не можев ниту да спијам ниту да јадам. Седев и размислував, што толку згрешиле за така да им прават. Писоци и офкање како од под земјата слушав до доцна во ноќта. По едно време ги извлежоа од црквата во дворот и ги натераа да копаат дупка. Сфатив оти гробот си го копаат, самите тие морници ми го зафатија целото тело и почнав да се молам на Бога за нивните души. Копаа, копаа, копаа и пак (ги внесоа во црквата, па си помислив, сигурно се наситија и ќе ги остават. Но пак писоците се слушаа од внатре, некаде по полноќ гледав како пак ги влечат во дворот, но веке никој од нив не можеше да стои на нозе. Од нивното последно офкање се исплашив. Како вреќи полни со нешто ги фрлија во дупката (тробницата) што самите си ја ископаа, и фрлаа земја врз нив. Ги напрегнав ушите колку што можам повеќе, но веќе и офкањето не го слушав. Душа куртули само поп Јован на кого му помогна Ирина Кушовска. Тој се беше преправил во жена и со скривна пушка под фустанот побегна. Гробницата ја отворивме по две недели, кога нивните унакажани тела се уште беа цели”.
Паралелно со убивањето на свештениците, двајцата клисари, младинците Илија, Иван и Коле во селото Разловци поради масовното дезертирање од српската војска и бегањето во Бугарија, до смрт биле тепани и жените Спасуна Георгиева и Петра Чолачка, како и свештениците поп Јован и поп Манасие.
Од сведоштвото на Ковачка паѓа во очи дека свештеникот Манасие на двапати се спомнува, еднаш како убиен и вторпат како многу тепан. Од друга извори се дознава дека селото Разловци во периодот меѓу 1913—1915 г. дало поголем број жртви на твророт од оние што се содржат во кажувањето на Гооподинка Ковачка. Имињата на жртвите се: поп Костадин, Костадин Жежов, Ефтим Ковачев, Атанас Донивски, Атанас Петров, Захариј Гоцев, Георги Цинцев, Спиро Манчев, Бфрем Симеонов, Ангел Донински (беследно исчезнал), Иван Донински, Христо Цинцев, Васил Донински, Костадин Аврамов, Костадин Џоцов (осакатен) и Мите Доневски. Покрај ова, според вториот извор, во селото Разловци, во тој период, жандармите опожариле три куќи.По наредба на командантот на „Црната рака” Воин Поповиќ, четниците на Јован Бабунски, жандармеријата и специјалните воени единици во Малеш и Пијанец во пролетта и летото на 1914 година убиле, претепале и уапсиле неколку стотици мажи, жени, деца и старци. Така :на пример, во втората половина ва август 1914 г. во Каменичкиот крај, во селата: Каменица, Саса, Дулица, Моштица, Луковица, Тодорово, Цера, Бигла, Илиово, Костин Дол, Драимче, Главовица, Косевица и други, српските потерџии, најблаго речено, му отвориле незванична војна на населението. Само во оваа хајка биле тепани, затворени и убиени повеќе од 200 души, мажи, жени и деца, меѓу кои и две групи воени дезертери од Штипако, Радовишко и Овчеполието. Првата прупа броела 95, а втората 27 де зертери. За време на овој поход низ Осоговијата, војниците и жандармите изнасилиле и поголем број жени и девојки.
Жестината на овој истребувачки поход ја почувствувале и населените места во Кочансковиничкиот регион. Еден современик роден во с. Оризари, Кочанско, оведок на теророт, од кој била проголтана и неговата сестра, соошптува:„На двапати селото беше сардисано исто како да беше војна. Во летото 1914 г. сите бевме извлечени од куќите, ги доведоа и оние од оолето и не собраа во местото во горниот дел од реката што го викаме „Врбите”. Тука бевме запленети, од најмалото дете до најстарите луѓе во селото. Во почетокот мирно не испитуваа за да кажеме каде се избеганите војници. Сите ги наведовме главите бидејќи немаше и што да кажеме. Прво ја фатија дода Магда и почнаа да ја тепаат со дрва што ги исекоа од шумата. Од (Многу тепање таа падна во бессознание.
По неа почнаа нас да не тепаат, кој оо што може. Многу го тепаа по главата, грбот и по нозете поп Милан. Сиромавиот не можеше да издржи, подлегна на повредите и предаде душа, додека Зашо Митров (Митев), Атанас Пресечки и Гаврил Ананиев ги одвлекоа со нив и ги парчосале во месноста „Длабоки Валог”.
На големи измачувања од четниците на Јован Бабунски биле изложени и голем број селани, односно жени од кочанокото село Грдовци. „Во нашето село на сите им е познато тепањето на жените и на Јован Донев, кое нешто се пренесува од генарација на генерација како приказна. Селото беше сардисано од сите страни, од четници и жандарми, мислејќи дека на тој начин ќе ги фатат избеганите војници од српската војска. Кога не најдоа скоро ниту еден од оиие што ги бараа, го фатија Јован Донев, го положија на земјата, по двајца жандарми и четници му ги газеа рацете и нозете, а останатите по ред го тепаа со едно дрво. Од многу ќотек телото му беше деформирано, лицето унакажано и човекот умре. Агнија Андонова ја удрија со стап само двапати. Додека Пракса Гаврилова, Митра Симеонова, Фима Симеонова и Велика Јованова Гаврилова од многу ќотек беа помодрени. Пракса ја тепаа поради нејзиниот маж Коле Гаврилов и деверот Јане Гаврилов, Митра поради мажот Симеон, Димитров (ополченец), Фима заради Спиро и Јован Симеонови, а Велика ја тепаа поради Јован Гаврилов. Сите споменати беа побегнале. Жените беа толку тепани, што не можеа на козе да застанат и целите беа во рани. За да се излечат ги завивавме во кожи полни со леб измешани со катран. Катранот навистина ги смируваше болките, но не можеше да ги затвори и длабоките рани. Сите жени умреа од последица на добиените рани.Четниците и жандармите не се задоволија само со тоа, туку опожарија и 15 куќи во селото: на Велко Соколов, Ст. Ангелов, Иван Стојчев, Ттанаска Јанева, Атанас Алексов, Стојман Стоилков, Атанас Стојменов, Велко Симеонов, Атанаска Петрова, Стоил Тасев, Мите Палнов, Јован Паунов, Иван Стојменов и на Коле Трајков. По овој настан омразата порасна уште повеке.
Петар Карастојановиќ , генерален консул на Кралството Србија во Солун – на Драгутин Франсовиќ, Министер за надворешни работи во Белград.
Господине Министре,
Чест ми е со ова да Ве известам за католичката пропаганда во овој Вилает, како и за тоа колку од православното население ја примило мухамедовата вера, јас заради полесен преглед, истото табеларно го изнесов.
Во оваа прилика морам да констатирам една чудесна појава, а тоа е дека сите кои и пришле на католичката црква и мухамеданската вера, потпаднале под ексархатот, оние пак кои стојат под Цариградската Патријаршија, се во многу незначаен број.
Не е нужно да додадам дека пропагандирачкит католицизам многу пари расфрла, тоа се подразбира самото по себе, но има и едно многу корисно средство, а тоа е што на МАКЕДОНЦИТЕ им се пропроведа дека под нивната закрила и НИВНИТЕ НАРОДНИ ПРАВА КАКО И ЈАЗИКОТ ЌЕ ИМ СЕ ЗАЧУВААТ И СО ОВОЈ НАЧИН СИЛНО УСПЕВААТ.
С п и с о к
На селата во казите Гевгелиска и Аврет Хисарска за покатоличените и потурчените МАКЕДОНЦИ
Село Покатоличени домови Село Потурчени домови
Сеово 90 Сеово 20
Шлопину 40 Стојаково 10
Моијн 60 Богданци 100
Ѓијавато 40 Пренос. 130
Грчица 40
Мравинци 30 ( з.н – Марвинци ?)
Балинци 20
Пирава 60
Стојаково 190
Бајлусе 70
Калиново 53
Мијалово 25
Богданци 240
Гаваланци 27
Драгомирци 90
Беглерија 20
Коџамарлија 40
Аврет Хисар 35
Даумалија 20
Пренос. 1.190.
Пренос 1190
Крецово 75
Грабашељ 26
Ново Село 20.
Хрсово 75
Ираклија 40
Кукуш 900.
Грамадна 90
Неманци 30
Мутолово 150
Алексово 50
Росилово 40
Марарци 120
Темница 60
Планиница 60
Лелово 50
Междерек 40 Пренос 130
Горен Модорец 150 Кукуш 60
Долен Модорец 100 Марарци 40.
Вкупно 3.246 Домови Вкупно 230 дом.
Ова е список на села, како што стоеја до пред три години од тоа време, па наваму, одпаднаа и пак се вратија во православието 2060 домови, кога истиот број ќе се одземе од 3246 остануваат уште покатоличени 1136 куќи, денешната состојба, ја изнесувам во следниот преглед.
27-II-88
С п и с о к
Села и домови, вратени од католицизмот, на православието
Села. Број на домови
Сеово 65
Моијин 30
Ѓијавато 25
Грчица 40
Беглерија 20
Крецово 75
Хрсово 75
Кукуш 800
Грамадна 90
Неманци 30
Мутелово 150
Рошлово 40
Морарци 80
Богданци 230.
Планивница 60.
Горен Модорец 150.
Долен Модорец 100.
Вкупно 2060 Дом. Ова.
Приметба
Преминати Егзархат.
Дов. No 154
Примите Господине Министре мое уверување за одлична почит кон Вас.
Понизен,
П.М.Карастојановиќ
Генерален консулат на Кралството Србија во Солун.
Дов. бр. 9
18. февруари 1888 година
во Солун
( Извор – Оригинал. Архив Србије, МИД ПО ф. II, досие IV Дов. бр. 154 / 1888; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889)
Од ова писмо се наметнуваат следниве факти :
1. покрај бугарската, особено присутни се и верските пропаганди – муслиманската и католичката пропаганда среде Македонија и Македонците.
2. Доказ повеќе за непомирливоста на македонскиот народ со бугарската пропаганда е што сите кои се среќаваат со истата, по потпаѓањето под бугарската црква и согледувањето на вистинското и лице, попрвин одбирале да се префрлат на ислам и католицизам одошто да останат под бугарската црква.
3. Католицизмот фрла големи пари во Македонија, но српскиот конзул гледа “опасност” во нешто кое го нарекува нивно “корисно средство“ ( “…тоа е што на МАКЕДОНЦИТЕ им се пропроведа дека под нивната закрила и НИВНИТЕ НАРОДНИ ПРАВА КАКО И ЈАЗИКОТ ЌЕ ИМ СЕ ЗАЧУВААТ И СО ОВОЈ НАЧИН СИЛНО УСПЕВААТ.”). Со ова српскиот конзул признава дека католицизмот успева заради ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и неговата посебност. И не е ни чудно што Србите по ова ќе се обидат со истиот метод на првично привидно признавање на македонскиот народ, да го придобијат за својата кауза.
Господине Министер,
Пред неколку дена ми се јави заедно со Н. Евремовиќ, Панто Кондиќ родум од Прилеп, бивш ученик на солунската бугарска гимназија во 7 одделение на тамошната гимназија, со молба да се испрати во Србија, за да таму го продолжи учењето. Рече дека сега во јануари заедно со уште 18 ученици е исклучен од 7 одделение на тамошната гимназија оти – според неговите зборови – што НЕ САКАЛЕ ДА РАБОТАТ НА БУГАРСКИ ЈАЗИК туку ОТИ САКААТ ДА ИМ СЕ ПРЕДАВА НА НИВНИОТ ДОМАШЕН МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТ.
Бидејќи мене за тоа г. Карастојановиќ ништо не ми јави, не можев ништо друго да направам туку да го упатам овде да чека, давајќи му некој мал поклон, или да оди назад во Солун, а јас одма му пишав на г. Карастојановиќ за да ме извести за тој случај кој е интересен. Ќе видам што ќе ми одговори. Прашањето е што да се превземе во вакви прилики? Мене ми се чини добро да се упати младичот во Белград и да се подржи таму да изучи и српски да научи. Би ве молел Вас да ми дадете упатства и наредба за патни трошоци.
Во оваа прилика, да чепнам е една работа, многу потребна за оваа дејност. Би требало (а во другите претставништва е всушност така) да за овие прилики претставништвото има на располагање барем неколку стотини динари. Ако во вакви прилики, кои се секако во интерес на Србија, понешто се пружа или на пат или за опстанок, може повеќе да се очекува за иднина. Инаку и првите обиди ќе замрат без последици, а ние во свое време во дадената прилика ќе трламе раце и ќе се каеме. Би Ве молел, да за оваа промислете и да што и да наредете, ако е некако возможно.
Со одлична почит Ваш
Претставништво на Кралството Србија во Цариград Ст. Новаковиќ
Дов. бр. 33 Февруари 1888 година во Цариград
(извори – Архив Србије, МИД ПО ф. III, досие IV, Дов. бр. 134 /1888 ; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889 )
"Јужните краишта" - ветена земја за врањанците и пироќанците
Никола Жежов, магистер по историски науки. Текстот е дел од магистерска дисертација на авторот "Режимот на Кралството на СХС и отпорот на македонскиот народ во брегалничкиот округ - 1918-24"
Како еден од начините за воспоставувањето на својата власт во Вардарска Македонија, била и колонизацијата на овие краишта, која режимот на Кралството на СХС интензивно ја спроведувала во првите години меѓу двете светски војни, со различен успех. Колонизацијата во Македонија всушност започнала со основањето на Аграрна Дирекција во Скопје, согласно Уредбата за устројство на Министерството за аграрна реформа од 12 февруари 1920 година и со воспоставувањето на окружни аграрни повереници во сите поголеми колонизациони центри во Вардарска Македонија.
Населувањето добило одредена форма со Уредбата за населување на т.н. ,,јужни краишта" од 24 септември 1920 година. Со таа Уредба биле одредени земјиштата за населување: 1) слободните државни земјишта, 2) општинските и селските земјишта и утрини и 3) пустите земјишта и оние кои се трајно напуштени од нивните сопственици. При населувањето колонистите имале право на бесплатен превоз на сите членови на семејството, стока и покуќнина. Со ова право се искористиле голем број колонисти од Босанска Краина и од Лика. Колонистите имале право на бесплатно користење на државните и општинските шуми за подигнување на куќа, слободна испаша по селските и општинските утрини и други привилегии.
Со цел да се разбие етничката компактност на македонскиот народ во Брегалничкиот округ (област) и пошироко во цела Вардарска Македонија, режимот на Кралството сакал со законски мерки што нуделе олеснителни околности, да привлече што повеќе колонисти-Срби во Македонија, со што на неа и би се дал српски етнички белег. Според законот за колонизација на ,,јужните краишта", како колонисти се предвидувале: сиромашни државјани на Кралството на СХС , занаетчии, доброволци во војните (тука спаѓаат и четници), пониски државни чиновници кои вршеле служба во погранични реони, понатаму луѓе кои купиле земја според услови на Министерството за земјоделие, разни аграрни задруги, бегалци и други слоеви.
Ѓорѓе Крстиќ, кој од мај 1927 година бил главен аграрен повереник во Скопје, истакнал дека најпогодни за асимилација на македонскиот народ биле населениците од Врањскиот и Пиротскиот округ, бидејќи по менталитет биле слични со Македонците. Истиот како непогодни за асимилаторска политика врз македонскиот народ ги посочил Црногорците-колонисти, поради различниот менталитет. Првенство при колонизирањето во Македонија добивале доброволците од Солунскиот фронт во Првата светска војна, четниците, а потоа оптантите и бегалците. При колонизацијата најчесто земја добивале оние кои што воопшто не се занимавале со земјоделство. Овие лица не ја обработувале добиената земја туку ја давале под наем на месното население, а самите живееле во градовите занимавајќи се со друга професија. На тој начин колонистите се богателе за сметка на месното македонско население.
Големосрпската власт на Кралството на СХС, тргнувајќи од интересот за асимилација на македонскиот народ, им давала безброј привилегии на српските колонисти во Македонија: бесплатен градежен материјал, користење на селските и државните утрини за пасишта, ослободување од царина, ослободување од плаќање данок до 10 години и друго. Од друга страна колонистите биле должни сами да ја обработуваат земјата, да се зачленат во аграрните задруги, да не ја отуѓат земјата дури не станат сопственици (за 10 години), да ја обработуваат земјата, да sидаат куќи за себе и да одговараат на сите обврски од Уредбата (член 24). Колонистот го губел правото врз земјата, ако одржувал врски со антидржавни елементи.
При колонизацијата, односно населувањето на луѓе од другите краишта на Кралството во Вардарска Македонија, домородниот македонски народ не останувал рамнодушен на тој чин, туку активно се спротивставувал, поради фактот што плодното земјиште им било давано на колонистичките семејства. Со колонизацијата се стеснувале и селските утрини, а слободните ливади им биле отстапувани на колонисти. Како пример за отпор кон колонизацијата бил случајот со селаните од селото Арѓулица, Штипско, кои во расправија за ливадите го претепале Петар Вукчевиќ, бивш црногорски мајор, затоа што им ги гонел говедата од ливадите.
Владеачкиот режим на Кралството на СХС при колонизацијата главно внимание обрнал на Брегалничкиот округ (област), како важна геостратегиска точка, пред се поради близината со Бугарија и опасноста од комитските напади на четите на Тодоралександровата ВМРО. Во Брегалничката област предноат при колонизирањето им се дало на реонот на Овчеполието, Штипско и Радовишко, додека во другите делови од тогашниот Брегалнички округ, колонизацијата била со помал обем.
Министерството за аграрна реформа образувало комисија под водство на професорите Александар Стебут и д-р Доброслав Тодоровиќ, која имала задача да изврши испитувања на земјиштето во Овче Поле. Според нивните истражувања, земјиштето каде била основана колонистичката населба Нова Батања, било неквалитетно за било каква култура и во услови кога би се наводнувало. За комплексот во село Мустафино комисијата поволно се изразила, а за село Ерџелија, комисијата изјавила дека земјата била со одличен квалитет и доколку соодветно би се наводнувала таа би се претворила во ,,градина” на Овче Поле.
Колонизацијата во Брегалничкиот округ (област), поорганизирана форма добила во текот на 1920 година. Во октомври 1920 година во Скопје требало да пристигнат 16 семејства од Лика, кои требало да бидат населени во селото Долани, Штипско. Повереништвото на Министерството за аграрна реформа во споменатото село успеало да насели 105 колонистички семејства и покрај отпорот на домашното население. Повереништвото барало од воените власти да им помогнат на овие колонистички семејства, кои требало да стигнат во Скопје, со тоа што ќе им обезбедат превоз на нив и на материјалните средства што ги носеле за изградба на колонистичката населба.
Во однос на населувањето на овие колонистички семејства во селото Долани, Александар Апостолов истакнал дека во селото во 1920 година биле населени 121 семејство колонисти, иако немало земја и за месното македонско население. Селото Долани имало голема стратегиска важност, што се гледа од фактот што биле мобилизирани луѓе од селото за да пренесат 16 колонистички семејства од Велес до Долани, заедно со покуќнината и земјоделскиот инвентар што бил натоварен на 30 вагони.
Забрзаната колонизација во Вардарска Македонија и посебно во Брегалничкиот округ, се гледала и од фактот што владеачките структури на Кралството во текот на 1920 и 1921 година, одвоиле големи финансиски средства за таа цел. Во 1921 година државата отпуштила 6 милиони динари за колонизација, а во 1922/23 година 23 295 000 динари и тоа најголем дел за Вардарска Македонија. Во овој период во Брегалничкиот округ, како што административно се нарекувал до 1921 година, биле колонизирани 532 семејства.
За широките размери на колонизацијата во Вардарска Македонија , а со тоа и во Брегалничкиот округ, податоци изнесувале и различните весници и списанија на македонската емиграција во Бугарија, коишто најчесто се повикувале на весници од Кралството што биле блиски до владеачкиот режим. Весникот ,,Македонија” повикувајќи се на ,,Епоха” изнесол податоци дека од 1 септември 1919 година до 20 август 1921 година во Вардарска Македонија се имале населено 6861 семејство со земја во размер од 57 530,01 хектари. Во 1919 година се населени 1302 семејства со 11 926 хектари. Во 1920 година се колонизирани 3484 семејства со 29 004 хектари земја од кои 279 семејства во Брегалничкиот округ со 2402 хектари земја. Според истиот весник во 1921 година биле колонизирани 2075 семејства со 16 600 хектари земја од кои 311 семејства во Брегалничкиот округ со 2115 хектари земја. Весникот ,,Македонија”соопштила и дека во селото Ерџелија, Св.Николско, требало во септември 1921 година да бидат населени 320 семејства, кои требало да претставуваат основа за формирање на ново колонистичко село со помош на државата.Колонизацијата инструмент за Македонците да се претопат во "Јужносрбијанци"
Најсилен замав и најорганизирана форма, колонизацијата во Брегалничката област добила во текот на 1922 и 1923 година. Во 1922 година, оптанти (селани што биле заинтересирани за населување) од село Батања од Унгарија, Срби по националност, поднеле молба до конзулатот на Кралството на СХС во Будимпешта за населување и добивање земја на територијата на Кралството. Министерот за аграрна реформа на Кралството на СХС му наредил на Врховното аграрно поверенство во Скопје да им најде земја на овие луѓе. Врховниот аграрен повереник определил свој службеник кој требало да ги придружува колонистите во изборот на земја во Овче поле. Колонистите ја одбрале најплодната земја околу селото Горни Балван, Штипско, село Пишица, земја во близина на селото Карбинци, Штипско, дел од шумата на планината Плачковица и земја во близина на Злетовска река. На колонистите им требало површина од 6-7000 хектари за 700 семејства. Тогашниот министер за аграрна реформа на Кралството на СХС, Милетиќ, наредил да се дозволи 4000-5000 хектари земја за изградба на село за овие колонисти.
Во селото Горни Балван 1130 хектари земја била прогласена за напуштена и била предвидена за колонизирање. Од окружното поверенство за аграрна реформа во Штип биле одбиени сите жалби од селаните, а на 31 мај 1923 година биле издвоени 453 хектари земја од селските утрини, како замена за 590,5 хектари плодна земја одземени од тие селани и тие 453 хектари земја им биле отстапени на македонските селани, за да се види дека и Македонците добивале земја со аграрната реформа.
Ваквиот начин на распределба на земјата помеѓу новодојдените колонистички семејства и домашното македонско население имал за цел протерување на македонскиот селанец од неговата обработлива земја, нејзино присвојување од дојденските, претежно српски семејства, со што преку променетиот етнички состав на населението режимот од Белград би можел послободно да се повикува на своето ,,историско право” врз Македонија. Од друга страна режимот на Кралството сметал дека српскиот колонистички елемент во Македонија, посебно во Брегалничката област, поволно би дејствувал врз претопувањето на македонскиот народ и неговото претворање во "јужносрбијанци", што било и стратегиска цел на белградските владеачки кругови.
Во текот на 1922 година колонизација, иако не со голем обем, се вршела и во крајните источни делови на Брегалничката област што се граничеле со Бугарија. Во Малешевско биле создадени 6 колонистички населби со 131 семејство. Во Делчевската околија (тогаш Царевоселска) биле создадени 6 колонии со 24 семејства, а во Пехчево биле населени т.н. Срби-Галиполци на број, заедно со другите колонисти, 74 семејства со 320 члена. Карактеристичен е примерот со колонистичката населба на Србите-Галиполци во Пехчево. Колонистите биле од Галиполе и во српската држава дошле 1914 година со посредство на рускиот конзул во Цариград. За време на Првата светска војна Бугарите ги интернирале во Алексинац и околината, во Србија, каде останале до 1918 година. Кога разбрале дека Грците го зазеле Галиполе, 1921 година, се вратиле таму, но кога Турците повторно завладеале со нивниот крај, тие се вратиле во Пехчево. Според Ѓорѓе Крстиќ тие луѓе биле со благ карактер, биле многу работливи и зборувале српски јазик употребувајќи грчки акцент.
Колонизацијата на Брегалничката област, уште во текот на 1922 година, кога таа била во својот зенит, започнала да наидува на тешкотии. Ваквите проблеми биле забележани од многубројните списанија на македонската емиграција во Бугарија, кои иако повеќето блиски со ВМРО на Тодор Александров, која пак од своја страна била непријателски настроена кон Кралството на СХС, давале одредена слика на колонизацијата во Вардарска Македонија и посебно во Брегалничката област. Така според оценката на органот на Илинденската организација, "Илинден", српската политика за колонизирање на Македонија претрпела фијаско. Колонистите под притисок на комитските чети исплашено почнале да ги напуштаат своите поседи. Во Штипско, во селата Таринци и Долани, повеќето од колонистите според весникот, почнале да ги напуштаат своите населби. Според истиот весник, Министерството за аграрна реформа било растревожено од вестите што доаѓале од Македонија. Аграрните чиновници соопштиле дека големата суша лошо се одразила врз жетвата, поради што се јавила депримираност кај српските колонисти. Тој страв од глад, според ,,Илинден” се заканувал да ги уништи успешните резултати од колонизацијата во Овче поле и Тиквеш. Тука колонистите биле претежно од Далмација. Состојбата се влошила и од разни агитатори, кои пропагирале дека на колонистите им е дадена лоша земја. Поради тоа веднаш од Белград била испратена делегација под претседателство на Чедо Јанковиќ, која требало да им вети на колонистите државна помош.
Во почетокот на 1923 година, колонистичката политика на Кралството во Брегалничката област претрпела сериозен удар. Со нападот и убиството на повеќе српски колонисти во селото Кадрифаково, во јануари 1923 година, од страна на четите на ВМРО, била загрозена колонизацијата во Овчеполието. Меѓутоа властите на Кралството на СХС ја продолжиле колонизацијата во другите делови од Брегалничката област. Така за колонизацијата во Радовишко биле ограничени 837 хектари обработлива површина. По општини распределбата на земјата била следна: Ињевската општина 225 ха, Кончанската 231 ха, Подарешка 159 ха и Радовишка 222 хектари. Во Радовишката околија биле формирани 11 колонии создадени меѓу 1923 и 1937 година со вкупно 59 семејства и 239 членови на семејствата. Сите 59 колонистички семејства по националност биле Срби(за Срби биле сметани и Црногорците), а по вероисповест православни. Обични колонисти биле 55 семејства со 271 член, а четници 4 семејства со 22 члена.
И покрај настаните во Кадрифаково, големосрпскиот режим не се откажувал од своите зацртани цели што сакал да ги оствари преку колонизирањето на Брегалничката област. Весникот на македонската емиграција во Бугарија, ,,Независна Македонија”, пишувал за засилената српска колонизација во Овчеполско и намерата на тамошните власти за протерување на Македонците од нивните огништа. Според истиот Белград требало да даде заповед за запирање на злосторствата во Брегалничката област и да ја прекине колонизацијата со што би се создале услови за легална борба и тогаш од само по себе ќе се ставело крај на четничкото движење. Истиот весник, повикувајќи се на белградскиот весник ,,Време" соопштил дека во април 1923 година во Скопје пристигнале два транспорта колонисти од Унгарија, кои требало да се населат во Штип и во Овче Поле, но поради лошото време се задржале во Велес. Со нивното населување тие веднаш наишле на проблем поради недостатокот од земја и храна за нив и за добитокот. Своето останување колонистите го условиле со обезбедување доволно храна и обработлива земја, како и подобро место за градење на нивното ново село.
Органот на Извршниот комитет на македонските братства ,,Независна Македонија", во јуни 1923 година известила дека во Овче поле се населувале српски семејства од Унгарија, од областа Барања, со што се менувал првобитниот изглед на Овче поле, никнувале живеалишта и тие колонистички семејства почнале да ги произведуваат првите килограми жито. Весникот известувал за секојдневното никнување на нови куќи, но истакнал дека ,, само една пречка има, што безбедноста во тој крај е застрашена од кај бугарската граница."
Болестите на новата земја ги враќаат колонистите дома
Неприспособеноста на српските колонистички семејства кон условите за живот во Брегалничката област ја констатирале и средствата за информирање на Кралството на СХС и тоа оние што биле блиски до владеачките партии. Според "Политика", колонистичката населба Нова Батања, Штипско, во почетокот на нејзиното формирање добро се развивала и станала центар на Овче поле. Првите проблеми биле во тоа што куќите и нивните кровови почнале да распукнуваат, а причината за тие несреќи лежела во тоа што материјалот со кој sидале бил направен од проста набиена земја и гранки, која кога се сушела се распаѓала. Затоа колонистите во Нова Батања побарале од Министерството за аграрна реформа да им направи куќи од камен и цигла.
Во 1924 година како карактеристичен тип на колонистичка населба во Брагалничката област се издигнала Нова Батања, на 9 км. северно од Штип. Населбата Нова Батања била сместена помеѓу Овче Поле на северозапад и Ежово поле на југозапад. Блиската околина на Нова Батања била доста сува, без шуми и без површински теченија. Во летниот период деновите овде биле многу топли, а ноќе не се чувствувала никаква свежина. Атмосферските врнежи се движеле од 400-500 мм. годишно и била една од најсушните области на Балканот. Нова Батања била изградена на утрините на околните села: Долно Трогирци, Горни и Долни Балван, а била подигната во периодот од мај до ноември 1924 година. Спрема видот селото спаѓало во типот на панонско-војводински села од плански карактер. Куќите во форма на правоаголник спаѓале во војводинскиот тип и имале по две соби и кујна.
Првата поголема група колонисти пристигнала во Нова Батања во текот на летото 1924 година, а други групи пристигнале кон крајот на летото и есента. До почетокот на наредната година во Нова Батања биле населени 163 колонистички домаќинства со околу 800 жители. Од доселените најповеќе имало Срби-оптанти од Унгарија, од околината на Сегедин, а имало колонисти и од околината на Сомбор и Кикинда. Колонистите од оваа населба добивале земјиште во просек од 10-12 хектари, а поради неплодноста на земјата, тие добивале земјишта и во атарот на селата Мустафино, Сарчиево, Уларци, Крупиште и други села. Водата била најголем проблем, бидејќи и покрај бушењето на бунари при подигањето на населбата водата од нив не избивала на површината, така што колонистите вода морале да полнат од околните села. Поради новиот начин на обработка на земјата и немањето доволно земјоделски алати за обработка, голем дел од земјата колонистите ја издавале под закуп на македонски селани. Покрај земјоделство, колонистичките семејства во Батања делумно се занимавале и со сточарство, при што одгледувале коњи, свињи и гуски.
Со цел да ги надоместат загубите од земјоделието, жителите на Нова Батања со интервенција на локалните власти отвориле 6 кафеани во населбата и трговски и занаетчиски работилници, а било установено и седиште на општина и училиште.
Лошиот квалитет на водата за пиење, зимските студови, летните горештини, слабата исхрана и други фактори придонеле колонистите масовно да заболуваат од заразни болести: маларија, цревни заболувања и друго. Тоа било причина во текот на 1926 година да започнат поединечни раселувања во Војводина и Србија, така што кон крајот на 1928 година во населбата останале само 18 колонистички семејства. Во 1931 година започнала нова фаза во колонизирањето на Нова Батања.
Колонизацијата во Брегалничката област во 1924 година западнала во длабока криза. Постоечката колонизациона криза не ја криеле ниту белградските средства за јавно информирање, кои со своите статии го критикувале режимот за неуспехот на колонизацијата. Така според весникот "Време" колонизацијата на Брегалничката област била неуспешна. Овчеполието било нерационално експлоатирано и живеело како во првобитно општество. Весникот истакнувал дека тоа било мочурлива земја, така што селото Ерџелија претставувало вистинска гробница, бидејќи повеќето од колонистите изумреле од маларија. Белградската влада била критикувана затоа што за населбата Нова Батања потрошила 5 милиони динари, а сепак нејзините жители не успеале да се снајдат во земјоделието. "Време" го потенцирал и фактот дека овие колонисти немале српско национално чувство и се декларирале за Унгарци или Германци и затоа се барало нивно иселување и населување на Брегалничката област со "вистински” Срби".
Колонизацjата не успеала оти колонистите не сакале да се занимаваат со земјоделие
Со колонизацијата се занимавале и весниците од опозицијата и оние блиски до КПЈ, но последните проблемот го гледале од аспектот на класните разлики, додека националната компонента или воопшто не ја споменувале или ја ставале во втор план, бидејќи КПЈ сеуште тогаш немала оформено јасен став кон македонското национално прашање. Поаѓајќи од тие позиции весникот ,,Радник-Делавец” критички се осврнал на аграрната реформа што српската боржуазија ја спроведувала во Овче поле, со што се вршела експлоатација врз тамошното население. ,,Радник-Делавец” ја напаѓал и колонизацијата што се вршела во овој дел на земјата, со што на селаните им се одземала обработливата површина и им се давала на доселениците-колонисти. Весникот го истакнал податокот дека во селата: Балван, Трогирци, Крупиште, Сарчиево, Мустафино, Ерџелија и други села, на сите им биле одземени нивите со сеидбата од таа година и им биле дадени на доселениците.
Дури и луѓе од типот на Ѓорѓе Крстиќ, близок до режимот на Кралството и човек кој истапувал од големосрпски позиции, го констатирал поразот на колонистичката политика во Вардарска Македонија и посебно во Брегалничката област. Според него населувањето на колонисти-оптанти од Унгарија во Овче Поле било непростлива грешка, иако Овче поле им се допаднало на оптантите, зошто ги потсетувало на унгарските рамници. Изградбата на куќи во Овче Поле, според Крстиќ, чинела преку 10 милиони динари.
Поради неродните години и суровите услови за живот во колонистичката населба Нова Батања од 160 колонистички семејства останале само 16. Слична судбина доживеале и колонистите во село Ерџелија, додека успеала да се задржи колонистичката населба Кадрифаково, во која имало колонисти од Босна и Далмација.
Колонизацијата што режимот на Кралството на СХС ја презел во Вардарска Македонија и особено во Брегалничката област имала за цел да изврши денационализација на македонскиот народ и претворање на Македонија во послушна провинција на новоформираното Кралство. Во Брегалничката област претежно биле населувани српски колонистички семејства од Унгарија, Босна, Далмација и други краеви, при што тие најчесто биле населувани покрај важни геостратегиски точки во оваа област. Владеачкиот режим на Кралството за успех на колонизацијата вложувал огромни финансиски средства за изградба на колонистички населби во Брегалничката област, дозволувајќи им притоа на колонистичките семејства да ја приграбат најобработливата површина и сето тоа на штета на тамошното македонско население. На најсилен колонизаторски бран како места од приоритетно значење за Кралството на СХС , биле подложени Овчеполието, реонот на Штип и Штипско и реонот на Радовишко. И покрај големите напори што Кралството на СХС ги вложувало за успешно извршување на колонизацијата, тој процес не течел онака како што планирал официјален Белград.
Како прво, колонизацијата наишла на одбојност и отпор кај македонскиот народ, којшто никако неможел да се согласи да му се одземе најплодната земја и таа да се даде на колонистичките семејства. Второ, новодојдените колонистички семејства не можеле да се приспособат на климатските услови во Брегалничката област и особено во Овчеполието.
Сушните години, топлите лета и студените зими, предизвикувале најразлични болести кај колонистите, кои најчесто имале трагичен крај за нив. Како важен фактор за неуспехот на колонизацијата, не треба да се занемари и фактот што поголем дел од колонистите воопшто не се интересирале за земјоделие, така што често се случувало тие да ја дадат земјата под закуп на локалните селани-Македонци, а самите оделе во градовите и таму се занимавале со некои други дејности. Исто така вооружените комитски чети на ВМРО што крстосувале низ Брегалничката област, создавале чувство на несигурност кај колонистичките семејства, бидејќи многу често како мета на напади на четите на ВМРО биле токму новоформираните колонистички населби.
На крајот кога ќе се разгледаат сите овие показатели може да се констатира дека колонизационата политика на Кралството на СХС во Брегалничката област во периодот од 1918-1924 година, доживеала неуспех. Поголемиот број колонистички семејства поради горенаведените причини ги напуштиле новоформираните колонистички населби и се расселиле во другите краеви на Кралството или пак се вратиле во своите родни краишта. Сепак ова не ги расколебало властите во Белград, кои и во периодот по 1924 година се обидувале да вршат колонизација на Брегалничката област, но тие обиди биле од помали размери и со помал интензитет.
КАРАКТЕРИСТИЧНИ БЕЛЕЗИ НА СТОПАНСКИОТ И ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ 1913 И 1915 ГОДИНА ОПШТ ПРЕГЛЕД НА СТОПАНСКИОТ ЖИВОТ
Балканските, особено втората балканска војна, му нанеле катастрофални последици на стопанскиот развој на територијата на југоисточна Македонија. Пред се македонската целост, која со векови наназад во својот стопански и општествено-политички развој претставувала една заокружена и специфична географска целина, по војните била распокината на 3, односно на 4 дела. По завршувањето на втората балканска војна, секоја од балканските држави на овој начин постапувала со пленот, со заграбената територија од македонската земја.
Србија, која пред балканските војни и по територија и по бројот на населението била помала од Македонија, по завршувањето на втората балканска војна, завладеала скоро со целата територија на денешна РМ, без Струмичкиот округ. Во склоп на Србија влегувала и територијата на југоисточна Македонија од Вардарскиот дел (без делови од Гевгелиска и Дојранска околија до Струмичкиот округ), кој излегол од војните ограбен, опожарен и многу запустен. Всушност, по втората балканска војна во сите предели на југоисточна Македонија владееле глад, бада, болести, грабежи и сите видови легални и нелегални разбојништва. Селаните, занаетчиите, трговците, чифлигарите, а во извесна смисла и чифликсајбиите и сите други слоеви на населението, кои останале во своите родни места, западнале во тешка материјална положба. Ретко некои, особено жителите на опожарените населени места, да не биле доведени до питачки стап.
И интелигенцијата, која се до војните стоела на чело на масите во сите револуционерни акции, сега, во услови на окупацијата, била тероризирана, прогонувана и разбивана, поради што дејствувале дезорганизирано и изгубено. Кога кон сето ова се надоврзе и фактот што пределот на југоисточна Македонија бил зафатен од неколку мошне силни бранови на расселување, станува јасно, зошто овој предел западнал во целосна стопанска и политичка криза. За земјоделска летнина не можело да стане ни збор. Зашто, онаму каде што не било опожарено, летнината била ограбена. Во есента 1913 и во зимата и пролетта на 1914 г. ретко кое од селските семејства не гладувало. Мнозинството од анкетираните современици категорични се во тврдењата дека во тој период (1913 и 1914 г.) меѓу народот царувал глад, мнозина немало каде да живеат, се криеле низ урнатините и во пештерите по планииите и се хранеле со варени лисја и шумски корења. Оние пак, кои се решиле да се симнат од шумата, започнале да ги напаѓаат имотите на поранешните турски бегови. Вакави примери на изнудено разбојништво се појавиле скоро насакаде во Областа, а најмногу ги имало на територијата на Штипска, Овчеполска и Кратовска околија.
Така на пример, од тужбата на адвокатот Живоин Симиќ, поднесена во декември 1913 г. до Министерството за внатрешни работи на Кралството Србија, против селаните од селата Мечкуевци, Врсаково, Мустафино, Судик, Брловци (Г. Балван) и Ерџелија, Штипско и Светиниколско, може да се види дека населението од овие села во борбата за опстанок, го нападнале чифликот на Сули-беј од Штип, и грабеле се што може да се грабне. Меѓу другото, селаните му то исекле лозјето на Бегот и 200 стебла круши од градината во с. Куково, Злетовско. Против селаните од с. Врсаково и Карбинци, Штипско, жалби до воените власти поднел и Џелал-беј од Штип, како и Мевмед-беј, кој ги обвинува селаните од Мечкуевци затоа што требало да му предадат 5.200 шиници жито, а му предале само 400 шиници.
Против непослушните чифлигари од Уларци, Ерџелија, Мустафино и од Гујновци, тужба поднел и Шефкет-беј од Штип. Началникот на Овчеполска омолија се исплашил од ваквата состојба.. Имено, тој, од една страна, бил напаѓан од турските бегови и од турското население, а, од друга страна, преку писма и на друг начин му се заканувале христијаните. И едните и другите му праќале абер да си оди од каде што дошол. И навистина, токму на ова подрачје ќе доде до обединување на незадоволните Турци и христијани, кое во 1914 г. ќе се прошири и во останатите краеви на Областа. Борбата за опстанок го принудувала македонското население и во другите околии на Областа, да се однесува на ист начин.
Ограбувачкиот и одмаздничкиот карактер на втората балканска војна, му нанеле непоправливи последици на сточарството, една од најрентабилните и пред војната мошне развиени стопански гранки во Областа. Преживеаните сточари од тоа време наведуваат драстични примери и бројки на разграбена и стрелана стока од сите населени места без исклучок. Во прилог на тоа зборуваат и податоците за Пехчевската каза (подоцна Малешевска околија), од кои може да се види дека сточннот фонд на тој простор по балканските војни, спореден со оној пред нив, е за петпати, помал од пред 1912 година. Во Пехчевската каза пред I балканска војна (само во Малеш), сточарите одгледувале 200 илјади овци, а во 1914 година имало само 14 илјади овци, додека коњи пред војната имало 13 илјади, а во 1914 г. само 2.600 итн.
И не само тоа. Новите српски управувачи, за да се одбранат од масовното навлегување на четите на ВМРО издавале наредби да се палат овчарските колиби и трла по планините. Ваквата безбедносна мерка на српските воени и цивилни власти, најблаго речено, го докусурила сточарството во Областа.
Меѓу првите, против бесмислената безбеднсона мерка на српските господари кренале глас селаните од селата Серменин, Коноко, Моин и Петрово, Гевгелиско. Тие упатиле молба до Министерот за внатрешни работи на Кралството Србија, во која укажуваат на последиците за развојот на сточарството во нивните села, доколку не се стави вон сила заповедта на околискиот началник од Гевгелија, за опожарување на овчарските колиби и трлата. Потписниците истовремено земаат обвр
ска дека нема да дозволат нивните колиби да се користат од никого и нагласуваат: „Во турско време да ја кажеме вистината, комитите доаѓаа во колибите, но денес даваме чесен збор, дека нема да дозволиме, р’ѓосан човек и комита да влезе во нашите планини и села … Дека ќе се прндржуваме на дадениот збор гарантираме со имотот и нашите животи”.
(Молба од група сточари од селата: Серменин, Конџо, Мони и Петрово, Гввгелиско, од 12. I. 1914 г. Молбата е потпишана од Трајче Костадинов, Хр. Николов, Гл. Трајков, Хр. Коцев, Танe Божинов, Јован Крстев, Петров, Стојко Јованов, Дим. Попов, Јов. Јованов, Темелко Митров, Петко Смилев, Ризо Георгиев, Петко Иванов)
Молбата на селаните не била прифатана. Овчарските колиби во Гевгелискиот, Царевоселскиот, Малешевскиот и во другите краеви, во најголем број биле опожарени.
Од индустриски постројки ко 1914 и 1915 година се споменуваат само 4 млина за мелење жито во Штип, еден во Свети Николе и еден во с. Прибачево, Кочанско. Потоа 3—4 стругари и валалници во Малеш, една мала фабрика за преработка на зејтин од афионово семе и сусам во Штип, три примитивни тулани: во Пехчево, Радовиш и Свети Николе, и една работилница за праработка на свилена буба во Гевгелија.
Трговијата која порано се одвивала во правец на Солун, по (војните, сосема замрела. Трговците од Штип и од другите гратчиша меѓу 1913 и 1915 г. ги разнесувале своите стоки најмногу со магариња и тие повеќе личеле на торбари одошто на трговци.
Сепак, најголема загуба за развој на стопанството во југоисточна Македонија претставувал човечкиот фактор. Од сихе последици што ги оставиле војните, најголемата се состои во тоа што; Областа била останата без луѓе. Понапред е кажано дека во овој простор тред I и II балканска војна .живееле околу 350 до 400 илјади жители, а сега, меѓу 1913 и 1915 г. во Брегалничкиот округ останале едвај 98.473 жители, со тенденција овој број и натаму да опаѓа. Така на примвр, во гр. Штип пред војната живееле над 20 илјади, а во јануари 1914 г. останале 12.342 жители, во Пехчево пред војната живееле околу 5.000, а сега нешто повеќе од 600 луѓе. Или на простарот на поранешната Штипска каза пред војните живееле околу 49 до 50 илјади, а во јануари 1914 г. ос-танале само 5.052 жители. И нешто друго треба да се одбележи. Во Штипска околија при пописот на населението, од овие 5.052 жители, регистриран е само 1 писмен граѓанин.
Бројот на населението во Брегалничкиот округ и во Дојранско, Валандовско, Гевгелиско и Пробиштипско се намалува за околу 30 илјади во периодот меѓу април 1914 и октомври 1915 г., за време на регрутацијата на младинците од тој простор на Македовија, кои биле упатувани да служат во српската армија. Голем број податоци говорат дека цели подрачја од југаисточна Македонија во тоа време биле лишени од работоопособно машко население. Во отсуство на машка работна рака, во полето работеле само жени, деца и старци, поради што продуктивноста на трудот и резултатите на учениците во училиштата биле сведени на нула.
Згора на сите неприлики, бројниот придојден големосрпски управен апарат расфрлил и даночни обврски на ова толку оголено население. Тоа било уште една причина, населанието да се отуѓува од државата и нејзините системски институции, а да го прифаќа поредокот на ВМРО која за неполни две години прераснала како др-жава во држава. И така, општините на кои навистина им требала помош, биле оптоварени со данок и плаќале: 31.952,5 динари за потребите на окружната администрација, 21.799 дин. за околиската управа, 58.610 дин, за друга градски опаштини и 110.790 динари за издршка на сите други селски општини. (Податоците се однесуваат само за Штипска, Овчеполска, Кочанска, Царевоселска, Малешевска и Радовишка околија).
ОБНОВУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА НА ЧЕТНИЧКАТА ВМРО ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ПО ВОЈНИТЕ
Балканските сојузници Бугарија, Србија и Грција, со сите постапки и заткулисни игри пред и за време на Балканските војни, едни повеќе, а други помалку ги злоупотребиле добрината на македонскиот човек, неговата поранешна борба за слобода, гостољубието и вербата во соседните христијански армии, и што е најсуштествено, злоупотребено е учеството на македонскиот народ во војните. Иако ова учество го карактеризираат две компоненти: масовност и пожртвуваност, од причина што војувале под три знамиња, не обезбедиле статус на рамноправен учесник во сојузничкиот Балкански блок кој стапил во војна со Турција. Македонските учесници во 1 и 2- тa балканска војна, па и самиот македонами народ прво од спорната, а подоцна и од неспорната зона, следејќи ги постапките на сојузничките армии предосетил дека се готви поделба на Македонија. Тоа најдобро може да се види и од содржината на подавките на голем број свештеници, учители, кметски наместници и други лица од теренот на Македонија, упатени најмногу до бугарскиот двор и до Врховната команда на Бугарската армија, во кои недвосмислено се укажува дека сојузничките армии посегаат врз македонскиот идентитет и целост.
Кон средината на декември 1912 г. ЦК на ВМОРО упатил Меморандум до цар Фердинанд во кој, меѓу другото, се предупредува за намерите за распарчување на Македонија. Во Меморандумот, изнудено или не, истакната е паролата за автономија на Македонија. Оттука може да се заклучи дека, дури и раководниот кадар на ВМОРО не бил информиран за договорот склучен на 29 февруари 1912 г. меѓу Бугарија и Србија. Во јануари 1913 г. ЦК на ВМОРО упатил Изложение до министер-претседателот на Бугарија, во кое, меѓу другото, се дава одговор, зошто е прифатена тезата за автономија од страна на Македонската организација и др.
По војните, можноста на ВМОРО за дејствување постанала уште потешка. На левата страна од Вардар крстосувале јаки српски воени, четнички и жавдармериски сили кои ги опожарувале овчарските колиби. Крстосувачкиот одред па Јован Бабунски вршел чистки во Овчеполско, Кратовско и Кочанско. На 26 јули 1913 г., по заповед на Врховната команда на српската војска (бр. 8159), биле формирани уште два крстосувачки одреди што ги воделе: Јоаким Буковиќ и Владимир Ковачевиќ. За да го придобие турското и албанското население на своја страна, ВМОРО ја истакнува паролата за автономија на Македонија.
Во август 1913 г. била возобновена мрежата на ВМОРО во Битолско, Охридско, Струшко и Дебарско. На тој простор уште во април 1913 г. престојувале: П. Чаулев и Т. Павлов поради преговори со Албанците за заеднички дејства против Србите. Во месец јуни, по одобрение на бугарската влада во Албанија престојувал Јане Сандански со цел да склучи договор меѓу ВМРО и Албанскиот комитет за заедничко дејство во претстојната војна. Но, српската и грчката влада дознале за мисијата на Јане Сандански во Албанија, брзо реагирале и им ветиле на Албанците дека ќе им ги дадат Дебар, Гаково, Корча и Аргирокастро.
По војните Србија и Грција не ги иcполниле ветувањата спрема Албанија. Поради тоа Албанците многу се налутиле и меѓу 13 и 17 август 1913 г. бараат врски со ВМРО, склучуваат договор за кревање на Охридско-дебарското Востание. Албанците се cогласиле нивните чети да ги водат П. Чаулев, П. Христов и М. Матов.
По задушувањето на Охридско-дебарското востание, во редовите на ВМРО дошло до дезорганизација (10. 11.1913 г.).
Кон средината на декември бил миниран мостот кај Демир Капија (12 спроти 13 декември 1913 г.). На 27 декември чети на ВМРО се појавиле во Скопско и Кумановско, а потоа и во Велешко на Владимир Сланков, Кумановско — Крсто Лазаров, Тиквешко — Лазар Тодоров, Штипско — Иван Јанев-Брло, Кратовско — Дончо Лазаров, Гевгелиско — Дело Тушински, Малешевско — Гаве Стоилов, Радовишко — Христо Симеонов и во Дојранско — четата на Петар Овчаров.
Меѓувремено, уште во август 1913 г., Ал. Димитров и Д. Мирчев заминале во Цариград за преговори со Младотурците за заеднички дејства во Македонија. Турската страна одговорила позитивно. Бил создаден македонски-турски револуционерен комитет кој имал за цел да се бори за автономија на Македонија.Во септември Есад Паша престојува во Вардарска Македонија со задача да им стави до знаење на Турците да не и служат повеќе на српската власт. Во јануари 1914 г. во Македонија дошле 5 мали турски чети предводени од Акиф-беј, Мехмед Али-беј, Черкез Али-беј и Хусеин-капетан. Тие чети дејствувале во: Штипско, Радовишко, Дојранско, Кукушко и Драмско. Началник на турските чети бил Ибраим-беј со седиште во Струмица. Заедничките дејства на македонските и турските чети биле благословени и од Хилми Паша, кој имал голем авторитет меѓу турското население.
По Охридското востание, Павле Христов заедно со албанското раководство формирале Mакедонски -Албански комитет за дејство против Србите и Грците.
Во декември-јануари 1914 г. бил создаден и Mакедонски-Романски комитет за остварување на девизата — автономија на Македонија.
На 20 јануари 1914 г. кај с. Богданци доаѓа до судир на четите на ВМРО и српската жандармерија. На 26 јануари истата година од страна на српската потера била фатена Неда Ризманова од с. Клисура, Тиквешко, заедно со други двајца четници (од с. Петрово, Гевгелиско — б.а.).
Во февруари 1914 г. српските четници затвориле и тепале 653 лица во Кратовско, од кои неколкумина умреле (30). Во исто време во Штип биле затворени 100 души, додека 20 души од Берово, 10 од Пехчево, 8 од с. Русиново и 22 од с. Ратево побегнале во Бугарија и Струмица.
Во с. Градец, во врска со подметнатата бомба кај мостот на Демир Капија, целото население од селото било затворено во Дојран каде е изложено на страотен терор.
Наспроти теророт врз цивилното население, стариот војвода Петар Овчаров речиси слободно се шетал од населба во населба низ Дојранско и Валандовско, па дури им наметнал и данок на српските чиновници на подрачјето. Српските власти ги знаеле патеките на четата на Овчаров, но не реагирале со ништо. Тие ги знаеле и месните заколнети луѓе, но и против нив ништо не преземале. И така, на преминот меѓу 1914—1915 г., подрачјето на Дојранската околија, скоро без исклучок, преминало во рацете на ВМРО.
Меѓу другото, една од главните задачи на четите на ВМРО била да се саботира регрутирањето на македонски и турски младинци во српската армија. Успесите на Организацијата на тој план биле големи. Планините се напоиле со бегалци. Наместо да одат во српската војска, младите Македонци и Турци се вклучувале во четите на ВМРО.
Четата на кратовскиот војвода Дончо Ангелов донела пресуда да се убие жандармерискиот наредник Перо Лешиќ. Пресудата била извршена.
Четата на кумановокиот војвода Крсто Лазаров имала голем судир со српската жандармерија кај с. Патетино — Овчеполско.
Во судирот со српските жандари, четници и војската, малешевските чети на Гаве Стоилов и Георги Тодоров убиле 28 и раниле 7 припадници на српските единици. Во Малеш било нападнато и семејството на околискиот началник. По овие четнички препади во Малешевска и Царевоселска околија настапил вистински хаос. Училишниот инспектор за Малешевска околија М. П. Исаковиќ во извештајот за учебната 1914/1915 г. наместо за успехот на учениците зборува кое училиште располагало со оружје, а кое било без тоа. На едно место во Извештајот тој вели- И покрај сите напори и настојувања стана невозможна работата на учителите во Царевоселско… Сето машко население е во бегство, училиштето го посетуваат само неколку деца” .
Слична била состојбата и во Штипско, Радовишко, Овче Поле па и во другите краеви на Областа.
ГОЛЕМИОТ ВОЕН БУНТ ВО КРАГУЕВАЦ ВО АПРИЛ 1914 Г.
Во септември 1913 г. крал Петар Караѓорѓевиќ издал Указ со кој било прокламирано присоединувањето на новозазеимените области кон Кралството Србија. По овој свечен чин, Србија се здобила со право да регрутира војници и од Македоиија, Косово и од други „новоослободени” краеви на земјата. Од овој момент, па се до средината на март 1914 г. воените власти на новите окрузи започнале да изготвуваат списоци за регрутирање на младинци од Македонија, во српската армија. Активностите на тој план се одвивале без некои особени тешкотии се до моментот, додека младите регрути не стасале во местата каде што требало да го служат воениот рок.
Првата генерација регруги од територијата на југоисточна Македонија кренала од своите домови кон касарните на 23 март 1914 г. Воените обврзници од другите околии: Гевгелиска, Дојранска, Валандовска, Радовишка, Кочанска. Неготинска и Светиниколока, односно од друпите краеви на Областа, тргнале во истото време. Сите стасале (некои порано, а некои подоцна) во Велес. На железничката станица во Велес истиот ден стасале и регрутите од Прилеп, Крушево, Битола и Ресен. Регрутите од југоистачна Македонија, а со нив и регрутите од стариот град на Прилеп (Варош), први биле натоварени во вагоните и први кренале од Велес за Крагуевац. Во Крагуевац младите регрути, околу 1.200 на број, биле распоредени во т.н. „23 Брегалнички полк, составен од 4 дружини (баталјони) со по 300 војници. Командниот кадар на полкот го сочинувале: генерал Терзиќ, Данило Калафатовиќ, командир на полкот и началник на Гарнизонот, Божидар Загориќ, командант на 2 - тa дружина, Тихомир Добричанец, командант на 1- тa дружина, потпоручник Арангел Стефановиќ, командир на 1- тa чета, Сретен Пенезиќ, четен фелдфебел (наредник) и Стојадин Милосављавиќ, десетник (каплар).
По извршениот распоред по единици секој од војниците добил готов текст на заклетвата, со задача да ја научат напамет за денот кога требало да се полага заклетвата. Вториот ден по добивањето на текстот на заклетвата војниците биле одведени на театар и без да им се прават било какви пречки по патот од касарната до театарот пееле бугарски песни „Тих бел Дунав се валнува” и „Жив е тој жив е там на Балканот”. Во вечерните часови дежурните офицери вршеле проверка, кој од војниците, колку ја научил заклетвата. На 10 април 1914 г. во кругот на 1 и 2 - oт баталјон била подигната бина за свеченоста по повод давањето на заклетвата. На свеченоста биле поканети гости од земјата и странски претставници во Србија, како и целото граѓанство на Крагуевац.
По изведената наредба за „став мирно”, почнала да свири воената музика, а потоа со крената десна рака по архимандритот (црковно лице), војниците требало збор по збор да положат заклетва во името на Бога, дека верно ќе му служат на српскиот крал Петар Караѓорѓевиќ.
„Дојде до решавачкиот момент! За миг воздухот беше расцепен од тромогласно „ура”! Не сакаме да се колнеме! Не сме Срби, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ.
Војничкиот страј при командата .„мирно” се наруши, се растури, се разбрка. Настапи неописив хаос.
Сите присутни беа слиснати и изненадени. Офицерите разлутени, со измакнати сабји мавтаа, тепаа, но без резултат — нередот стануваше уште поголем. Граѓаните, мажи, жени и деца ги зафати паника, бегаа гледајќи назад и паѓаа едни врз други во грамади. Картина на вистински бунт ретка по својата специфичност бидејќи беше на официјално место, пред официјални лица и странски претставители”.
Во прилог на искажувањето на сведокот, весникот „Радничке Новине” на 17 април 1914 г. пишува: „Построени пред казармите, новобранците беа печални и мрачни. Тие ја слушаа патриотоката реч на свештеникот неми и со наведени очи… Наеднаш се разнесе глас „Не сакаме да се колнеме”. Целата дружина како еден одби да се заколне.
По растурањето на свеченоста, две одделенија од 1 и 2 - oт полк со ножеви на пушките направиле обрач околу бунтовниците, а мајорот Божидар Загориќ ги тепал војниците од неговата дружина и уапсил 18 души војници, кои одбиле да се заколнат. Архимандритот сам, без да инсистира војниците да ги повторат зборовите по него, ја изрецитирал заклетвата при што, во смирен тон им рекол на војниците дека „се Срби”, но постапиле дрско од причина што бугарската пропаганда така ги воспитала.
Вечерта на 10 спроти 11 април 1914 г. офицерите во собите га тепале војниците кој со што можел и бареле од секого да поткаже кои се организаторите. Никој никого од војниците не предал. Затворените 18 војници, најмногу од Штип и Кочани, секој ден од 11 до 22 април 1914 г. биле носени во строј пред другите војници 2 километри надвор од градот и од нив е барано да кажат кои се организаторите. Тие молчеле, а молчеле и оние што не биле затворени. Кога започнала Првата светска војна, 23 Брегалнички полк бил расформиран, а војниците добиле прекоманда во Ниш, Крушевац, Заечар и Ваљево.
Од сведоштвото на еден друг војник се дознава дека во војничкиот бунт во Крагуевац учествувале 40 војници од Штип и повеќе од дваесетина од Околијата. На станицата во Штип дошле и регрутите од Малешевско, Царевоселско, Кратовско, Кочанско и Виничко. Во с. Џумајлија (денес Лозово) се придружиле и регрутите од Овчеполско, и сите заедно кренале за Велес. Сведокот, меѓу другото, вели: „Во Велес се качивме на воз околу 1.000 души. На железничката станица во Крагуевац не пречекаа граѓаните многу весело. Уште во првите денови, офицерите се трудеа да бидат многу внимателни кон нас . . . Ни дадоа плочи исто како што учителите им даваат на учениците од 1 - во одделение и не учеа да пишуваме: „Јас сум Србин, српски син, име ми е Радован” . .. Ние од Штип и писмените селанивојници му рековме на дежурниот офицер дека не сакаме да то учиме тоа што сме го учеле во 1 - во одделение” .
На српоките офицери не им текнало дека реагирањето на штипјани нешто значи, па во иронија, од наредниот ден, не само дежурниот, туку и другите офицери подбивно дофрлувале: „ако, таков е редот”. Навредени од таквото однесување на офицерите, војниците Панчо Тодоров, Панчо Јанев и другите војници од Штип ги окршиле плочките (табличките). По овој чин, вечерта истите војници не примиле вечера под изговор двка ги третираат како свињи. По одбивањето на храната, генералот Калафатовиќ се досетил дека нешто се „вари” меѓу војниците, повикал неколкуминаа од нив на разговор и им ветил дека храната ќе се подобри. Вечерта на 9 спроти 10 април 1914 г., Панчо Тодоров, Панчо Јанев, Панчо Крстев и Стојчо Крстев ги организирале другите војници да не даваат заклетва. Проблеми во однос на постигнатиот договор за саботирање на заклетвата немало кај ниту еден војник од Штип и Штипоко. Во исто време, таков договор правеле и војниците од Кочани и Кочанско.
За тоа, како се одвивале подготовките за подигање на бун , тот во Крагуевац меѓу војниците од Кочанско-Виничкиот крај, сведочи учесникот Санто Витанов Кузманов, роден во с. Горни Полог, Кочанско. „Во 1914 г. многу војници од Кочанскиот крај беа мобилизирани за служба во српската армија. Бројот на војниците ќе беше многу поголем ако беа тука и тие што беа избегани во Бугарија. Некаде при крајот на март добив покана да се јавам во Кочани. Ниту јас, ниту татко ми, ниту било кој друг од семејството се противеше. Кога стасав во Кочани, се јавив на закажаното место и заедно со другите од градот и селата не поведоа во Штип. Јас бев на 27 години, чичо Јован Бурјашки имаше над 40 години, додека син му Трајан Бурјашки мислам оти беше се уште дете. Затоа ги беа зеле во војска и татко и син, тоа е посебна приказна. Се сеќавам дека штипјани од градот и селата имаше околу 70—80 души, од нашиот Кочански крај бевме мнозина, над 200—250 души, зашто и царевоселци, оние од Осоговијата ги викаа во тоа време Кочанци. Во Штип дојдоа и Панчо Тодоров од Штип, еден од организаторите на војничкиот бунт во Крагуевац (сведоштво), радовишани, кратовци и мнозина од Овчеполието.
На станицата во Штип имаше многу народ. Многу мајки и други жени плачеа, а ние пеевме песни. Панчо Дорев, Стојчо Нешков, Панчо Јанев од Штип и дватроица од Радовиш: Сандо Кошевецо, Илија Хаџивасилев и неколкумина ученици, пренеле на нашите, на Сократ, на Наско Калаџиев и на Ладо Квачков од Кочани, дека од овчеполските села Неманци, Мечкуевци, Ранченци и од Црнилишта, од стотина души кои требало да одат во војска со нас, се пријавиле само 20—30, а другите побегнале во Бугарија. Ние се договоривме да одиме, па ако треба ке побегнеме од казармата. Во Џумајлија ни се придружија и други овчеполци меѓу кои маше и Турци. Преку нив изворно дознавме дека регрутите од Неманци, Црнилишта (Долно и Горно Црнилиште), и од Мечкуевци побегнале во Бугарија. Кога стасавме во Велес на станицата имаше многу насобран народ. Регрути имаше дури од Дојраноко, Гевгелиско, Неготинско, од Прилепско и од други места. На станицата во Велес, исто како и во Штип, некои од војниците пееја песни, а некои разговараа и ги фалеа овчеполците како големи јунаци. Бидејќи тука беа и војниците Христифор, Илија Ордев, Стојан Манев, еден Вабушчиски, Дане Јосифов или Лазаров и други, мислам околу 15—16 души од Свети Николе, преку нив дефинитивно се уверивме дека навистина во Овчеполието, за да не служат во српската војска, мнозина побегнале во Бугарија. Јас со една група нашинци од Кочани, Виница, Тркање, Пресека, Безиково, Липец и од други села се договоривме да бегаме, но бидејќи возот набргу потоа тргна, ни пропадна планот.
На 24 или 25 март 1914 г. стасавме во Крагуевац. Што е право, право е. На железничката станица не пречека многу народ и сите беа некако радосни. По дватри дена од пристигнувањето во Крагуевац, не распоредија по дружини. Бевме над 1.000 души. Јас, Мите Ефремов, Трифун Серафимов, Блаже Гугутката, Атанас Мечкаров, Глигор Врбички, Јован Бурјашки, син му Трајан Бујашки, Крсто Куков, Гуци Ташков, Доне Ташков, Иван Ларгов од с. Тркање, Крсто Костов, Ампо Иванов и Јован Манев од с. Моинци, Серафим Темелков од с. Липец, Димитруш Алексов од с. Јакимово, Кирил Точев, Коце Михајлов и други двајца од Виница, Томе Митев, Атанас Нивички од с. Црвена Нива, Илија Ампов и други 4—5 души од с.Безиково, Сократ Адамов, Наоко Калајџиев, Ладо Квачков, Јоце Кочанецо и други 4-5 души од Кочани, Стојо Атанасов и други 7-8 души од с. Пресека и други, не распоредија во I кочанска батерија. Веднаш потоа, на плочки, почнаа да не учат да пишуваме и да читаме на српско писмо. Ни ги променија и презимињата, а не советуваа да си ги промениме и имињата, нашите биле „бугарски“. Првата закачка изби кога започна прозивката на „виќ”. Не се одзовувавме, а не викавме ни „ја”, туку „јас” или „аз”, тие што веќе беа поминале низ бугарските училишта.
Нам ни беше командир некојси Душан Панов (Паниќ). Некаде околу 1 или 2 април 1914 г. ни дадоа текст на заклетвата за српскиот крал. Тоа предизвика вознемиреност прво кај писмените. Меѓу сите почна да се шепоти, што сме ние, народ или ништо? Тројцачетворица од Штип изјавиле: ние нема да се колнеме, не сме свињи за да не хранат со толку лоша храна. На Миле Кошавецот му се паднало едно парче леб мувлосан. Едногласно, една вечер одбивме да јадеме. Тоа беше бунт. Се помеша и генералот Калафатовиќ. На 8 или 9 април 1914 г. започна пребројување во нашата дружина. Војникот Трајан Беков не прашуваше еден по еден: ќе се колнеш или не? Сите одговараа: не!, не!, не! На 9 спроти 10 април сите се заколнавме дека не земаме заклетва, дека нема да предадте никој од другарите и зазедовме став: во колку не малтретираат, да бегаме.
Дојде и тој час. Свештенииот почна збор по збор да ја чита заклетвата, но никој од нас не го следеше. Старешините почнаа да не подбуткаат и да ни викаат. Ние молчевме. Одеднаш од средината се чу силен глас:
„УРА”, не сме Срби, се колнеме вo Македонија ''
Во нашиот круг стана голема бркотница. Не опколија српски вооружени војници, а старешините почнаа да не тепаат. Тешко можеше да се воспостави ред. Жените и децата од градот бегаа кој на каде може. Од заклетвата ништо не биде. Не затворија во собите и не испитуваа да кажеме кои се тие луѓе што не ортанизирале. И мене ме распрашуваа. Јас им реков дека не смеам да се заколнам бидејќи, ако го сторам тоа, ќе ме убијат комитите. И други така им кажале и престанаа да не тепаат. Потоа затворија 20 души, а на другите почна да ни зборува и да не убедува попот, дека Бугарите се виновни, тие не лажеле, ние во старо време сме биле Срби.
Затворениците беа многу мачени. Блаже Гугутков и Атанас Мечкаров не се вратија, беа убиени. Крсто Костов од с. Моинци исчезна беследно, Сократ Адамов, Наско Калаџиев и Јоцо Кочанец беа набиени од тепање. Илија Ордев, Стојан Манев и Христофор од Свети Нижоле не ги видовме повеќе, исчезнаа безследено во Крагуевац. Иста судбина доживеа и Глигор Брбички од с. Тркање го затворита и беследно исчезна. Една вечер ме фати под рака Трајан Беков од с. Тркање и ми рече: „доаѓаш ли со нас, ние се договоривме да бегаме”, на што јас му одговорив: „сакам, ама страв ми е”. Тој налутено ми рече: „служи му на српскиот крал”, ако отвориш уста држи му се”.
Истата вечер тој со тројца од Моинци и повеќемина од с. Пресека и од Безиково побегнаа. Цели 15 дена ги прогонувала потера и ги беше фатила. Истовремено беа побегнале и војниците од Гевгелиоко, некои од нив успеале да побегнат, а некои не. Тие што останавме, едни не испратија да се бориме против АвстроУнгарија, а другите против Бугарија, кај Врање.
Интересни податоци за македонската историја, во врска со воениот бунт на војниците од југоисточна Македонија во Крагуевац, потекнуваат од подрачјето на Радовиш и околината. Сведоци од овој простор се: Коло Витанов, Трајан Иванов, Горѓи Витанов, организатор, Сандо Кошевец, организатор, Илија Хаџивасилев, осуден и многу измачуван. Георги Христов, организатор, Глигор Генчев, учител, Николија Генчев, учител, Христо Матрапазов, учител. Сведоштвото на Сандо Кошевец е посмртно, а пренесено е преку Илија Хаџивасилев со кого бил во иста затворска ќелија.
Сандо Кошевец не можел да ги издржи затворските тортури, не признал ништо и не предал ниту еден од своите другари, бил убиен за време на распитот. Сведоштвата на радовишките учесници во војничкиот бунт во Крагуевац од 10 април 1914 г. што ги пренесуваат К. Т. и С. Г. — Лакавички, ги содржат истите поединости како и сведоците од Штип, Свети Николе и Кочани. Разлика се забележува само во тоа што радовишките војници се заколнале дека ќе се дигнат на бунт уште по патот меѓу Радовиш и Штип. Кога тие стасале во Штип и посебно кога размениле мисли со своите штипски другари, одлуката за идната војничка буна веќе за нив била донесена: „По се она што го претрие нашиот роден крај од страна на српскотурските насилници, ние немавме волја ниту на некому да му служиме, ниту за што да се бориме, бевме изгубиле се: имотот, честа, куќите, стоката, и се друго. Нас не не држеа нозете и срцата за да извршиме уште еден понижувачки престап, да се заколнеме за верност на оној по чија наредба пред неколку месеци беше опожарена и до темел разурната нашата прекрасна Лакавица: с. Конче, Лубница, Скоруша, Загорци, Гавран и се друго во планините и полето. Во нашите уши и срца се уште ги слушавме и болно ги чувствувавме писоците и плачот на нашите мајки, жени, сестри, деца и баби, како плачеа и бегаа избезумено соочени со крвавите ножеви и трионети на бесните пси. Гласот за избеганите овчеполци само ја зголеми нашата решеност, што побргу да изнајдеме причина и да се кренеме на бунт. Едно треба да се разбере: повеќе сакавме да умреме, отколку да му служиме на српскиот крал. Граѓаните на Крагуевац, мислиме на оние што не пречекаа, беа добри, но тие ништо не знаеја колкави болки и пакост направи врз нашиот крај нивниот крал.
Една вечер Миле Кошев извика: „другари, ни даваат мувлосан леб. Тие не сметаат за говеда.” Ѓорѓи Витанов му се придружи и извика: „Тие сакаат да не истроват”. Штипјани групно извикаа: „Ние не јадеме храна што не ја јадат и свињите”. По нив истото го сторија и прилепчани и сите други. Ги искршивме и срамните плочки на кои не учеа да пишуваме и да читаме српско слово. На денот кога требаше да ја примиме заклевата, во еден глас извикавме: „Не се колнеме, не сме срби”. Миле Кошев го убија. Илија Габрешанецот го убија, Илија Хаџивасилев го затворија во ќелија со вода и го скршија од тепање. Убија и затворија и неколку млади и весели момчиња од селата. Се сеќаваме на Јован Тушев од с. Покрајчево, Коло Витанов од с. Навичино, Христо Ташев Грков, Тамен Дончев, Крсто Стефанов и други од с. Ораховица, потоа Гоче Липовец, Лазар Василев од с. Папавница (беше упатен на фронт на првата линија, го ранија, но побегна), Хриото Илиев, Коце Сеизов и петшестмина други од с. Дедино, потоа од Подареш, Гарван, Козбунар, Смиланци и од другите села.
Сведок на злосторствата, извршени над нашите војници меѓу Ниш и Приштина, е Асан Ораховички. Во нетово присуство, а поради учество во војничкиот бунт во Крагуевац, од радовишани, избодени се: Иван Мундев, Коце Сеизов, Ташо Ташев, Христо Филев, Христо Илиев, Крсто Милев, Христо Стефчов и други. Ретко некој од нашите, што учествуваа во бунтот, да се врати дома здрав и жив. Од градот Радовиш учесници во бунтот бевме: Николија Черкезов, Илија Буов, Георги Митрапазов, Георги Витанов, Коце Миндев, Илија Хаџи Василев, Николија Кашлиев, Сандо (Алвксандри) Кошев, (го викавме Кошевец), роден во штипското село Кошево, Илија Габрешанец, Георги Христов, Снасо Бреслиев, роден во штипското с. Брест, Глигор Гозов, Глигор Генчев, учител, Николија Генчев, учител, Христо Матрапозов, учител и Ристо Пирулинков”.
Иако сведоштвото на Лакавички има огромно историско значење, сепак треба да се одбележи и нешто друго во врска со тоа. Имено, останува нејасно прашањето: зошто во коментарот на Лакавички не се споменуваат имињата на групата војници кои заедно со Сандо Кошев истапиле пред српскиот офицер од стројот и побарале да бидат ослободени од служба во српската армија. Тие војници се: Ангел Андреев, Мило Спиров, Коце Клисаров, Кирил Сармаднов и Иван Пенкин. Во овој коментар не се издвовни и имињата на организаторите на бунтот: Георги Витанов, Георги Христов, Илија ХаџиВесилев, Илија Габрешанов и Миле Кошев. Постои дилема и околу името на главиот организатор Сандо Кошев, кој во еден изворен документ се среќава како Христо Кошев, а во друг извор како Миле Кошев.
Всушност, во сведоштвата на Лакавички се забележуваат истите недостатоци кои се среќаваат и во „Спомените” на светиниколскиот војник Константин Григоров Ангелов, кој, иако во војничкиот бунт во Крагуевац од Овчеполско учествувале над 60 војници, ги опоменува имињата само на: Стојан Манев, Стојко Алексиев, Христофор Веселинов, (се спомнува и во Кочанско), Владе баба Достин, Јордан (Дане) Јосифов, (веројатно станува збор за човек роден во с. Црнилиште), Илија Ордев, Тасе Танев, Ване Бојковски, Гоше Чкров, Пане Христов Неманички и
Тоде Сарчиевски.
Сведоштвата на Ване Гончев и Томе Пилитов од Богданци, Христо Г. Кирилов и Мито Маџаров од с. Стојакаво, Каме Бајлозов и Лазар Чурлинов од с. Пирава, Вангел Стојанов Маџаров од с. Миравци, Саво Т. Јаиев (роден 1887, се уште жив) и други од Гевгелиско и Валандовско, Слични се на сведоштвата на војниците од другите краишта на Брегалничката област, учесници во војничкиот бунт во Крагуевац. Уште на железничката станица во Велес — наведуваат сведоците: „регрутите од нашиот крај се определија на страната на војниците од Штип и Тиквешко кои извикуваа: „Ние сме Срби”. Старешините определени за спровод на регрутите настојуваа што побрзо да не качат во возот и да не однесат во Крагуевац за да не посрбат. Во Крагуевац не пречекаа љубезно. Градот беше украсен со знамиња и испишани паноа за добредојде. Во почетокот не учеа да пишуваме и да читаме. Доаѓаа кај нас во посета свештеници и учители. Офицерите правеа се за да не убедат дека сме Срби. Првата закачка меѓу нас и старешините изби околу плочките за изучување на азбуката, потоа кога не примивме вечера поради мувлосан леб, а на 10 април откажавме да ја прифатиме заклетвата за кралот. Поради инцидентот со заклетвата бевме изложени на тепање, пцости и плуканици. Една вечер Мито Маџаров ни рече: „другари ќе не довршат”. Јас Србин не бивам, ајде да бегаме. Обезбедивме компас и оружје и побегнавме од казармата. Цели 15 дена се криевме во шумите во близина на Сокобања. Ние од планината ги следевме потерите. Немаше да не фатат доколку не не предадеше еден овчар.
Од Стојаково успеа да избега само Мито Маџаров, другите паднавме во заседа што ја предводеше вден кајакар на лотка кој пренесуваше патници од една на другата страна на Морава. По ова не затворија. Штом започна борбата со АвстроУнгарија сите до еден, во искинати одела и боси, не фрлија на првата линија на фронтот. Еди беа убивни, други умреа од последици на тепањето по бунтот од 10 април, трети се поболеа од тифус и тие испомреа. Останавме живи само оние шго успеавме да побегнеме како и оние што преминавме на страната на АвстроУнгарската војска. Од Стојаково побвгнаа 27 души, од Богданци околу 40, од с. Гавато: Георги Кирилов, Андон Попов, а тројца се убиени и ранети. Од с. Богородица над 40 души, од с. Градец над 40 се убиени, од валандово 7—8, од Дојран 6, а имаше и од Николичево, Фурка, Пирава, Марвинци, Балинци, Грчиште, Миравци, Брајковци, Смоквица, Прдејци, Серменин, Ума, Конско и од други места. Многу свет загина и од Штипскиот крај.
Инаку, во војничкиот бунт во Крагуевац учество зеле голем број војници. Истрагата за бунтот траела од 10 април па се до почетокот на 1-тa светска војна 1914 година. Во тој период, на подолго и покусо време, низ затворите поминале околу стотина војници — учесници во бунтот и речиси сите тие исчезнале беследно. Но, и од војниците, кои не лежеле затвор, мал број ја преживеале војната. Тие биле испраќани на првата линија на фронтот спрема АвстроУнгарија, каде што ги загубиле животите.
Во прилот на тоа, иако срамежливо, зборуваат и изворните податоци од српски извори. Така на пример, во едно пиомо без број од 10 април 1914 г. пишувано од страна на министерот за внатрешни работи на Кралството Србија, а упатено до Кабинетот на министерот за надворешни работи на Србија, меѓу другото, се вели: „Застапникот на командантот на Дивизијата мисли дека главната дричина за протестот (бунтот — б. а.) на регрутите во однос на заклетвата се крие во тоа што се наговорени од оние другарирегрути, граѓани на Штип и Кочани, кои порано биле комити во бугарската војска… 30 од нив се затворени. Ниту еден од нив до овој момент не предава никого, ниту од другарите, ниту од граѓаните” .
За овој бунт се расправало и во бугарокото Народно собрание. На 2 јуни 1914 г. во бугарскиот весник „Балканска трибуна” била објавена статијата: „Ѕверствата во Крагуевац”, во која се наведува дека 22 војници учесници во бунтот биле затворени, тепани до смрт поради што и подлегнале на раните”.
Еве што се зборува во еден српски извор за бунтот од 10 април 1914 г.:Регрутите од градовите Кочани и Штип при примањето на заклетвата во градот Крагуевац покажале отворен отпор и антисрпско расположение. Таков однос покажале и регрутите од Прилеп и Стар град Варош, Марковиот град.
Во 1920 година, владата во Белград донесува уредба за колонизација на Вардарска Македонија и Косово. На територијата на денешна Репиблика Македонија паралелно со српската колонизација, се спроведува и аграрна реформа. Од целата обработлива земја која потпаѓа под аграрната реформа, македонските селани добиваат само 35%, додека останатиот поголем дел е доделена на српските колонисти - жандарми, резервни офицери, солунски ветерани, четници и др. Поранешни војводи на Српскиот четнички Покрет во Македонија добиваат како подарок цели села во Тиквешко и Велешко.
Паралелно со конолизацијата, великосрпскиот хегемонистички режим врз македонското население врши физички терор. Теророт во Вардарска Македонија го спроведуваат 8 000 жандарми (од вкупно 12 000 во цела Југославија). Заради тоа што македонското население било доста револуционерно настроено во тој период, теророт бил посебно суров. Според официјални податоци, од 1920 до 1926 од страна на српската власт без никакво судење се убиени над 1 700 Македонци и Албанци. Во тој период низ затворите минуваат над 30 000 Македонци, а по 1927 во затвор остануваат над 8 000 од нив.
Колонизацијата трае се до почетокот на Втората Светска Војна, кога Вардарска Македонија е окупирана од страна на Бугарија и Италија и српските колонисти се депортирани во Србија. Во 1944 година Народна Република Македонија ги прогласува српските колонисти во Македонија за реакционерни елементи и орудие на великосрпскиот шовинизам и го одбива нивното повторно населување во Македонија. За враќање во Македонија им е дозволено само на оние колонисти кои имаат склучено брак со Македонец .
Извадок од книгата „ Пехчево “ од група автори објавена во Штип 1990, издадена од Друштвото за наука и уметност:
" Само во 1921 година, ретко некој од возрасните жители на Пехчево не бил изложен на некој вид репресија и затворање.
Режимот на кралството Југославија не ги толерирал дури ни децата и жените. И тие, како и мажите, биле тепани и затворани. Таков е примерот со Ванѓа Василева Цоковска која долго време била срамотена во затворската ќелија од цела десетина џандари зулумџии. Таа по излегување од затворот отишла во манастир и е закалуѓерила, но до кајот на својот живот, во сите средини со кои доаѓала во контакт, го колнела името СРПСКО на злосторниците.
Покрај Ванѓа, од страна на режимските власти биле тепани, изнудувани на бесцелни признавања и апсени: Магда Стамболиска, Марија Рендева, Марија Попова, Руса Попова и други. Последните две биле обесени за нозете со цел бавно да умираат.
Масакрирањето на неколку неполнолетни деца од потесната околина на Пехчево, предизвикала не само огорчен револт, туку и мотив кај пехчевци на кој начин да се УДРИ СРБИЈА ВО НАЈОСЕТЛИВОТО МЕСТО - ДА СЕ УБИЕ КРАЛОТ И ТАКА ДА СЕ ОДМАЗДИ ГОЛЕМАТА ПИРАМИДА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕЧКИ ЧЕРЕПИ И КОСТУРИ, РАСФРЛЕНИ НАСЕКАДЕ ВО РАЗДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА...
Меѓу 1921 и 1925 г. Бил убиен Иван Андонов Клепков, а Маца Мицева и ќерка и Зуица биле малтретирани и уапсени.Никола Попов Карајовов исто така бил измачуван и апсен, Миле Соколов го тепале со пиралка за белење алишта. Тој искрварил и подлегнал на раните. Иста судбина доживеале и Антим Колев, Серафим Медаров, Ефтим Василев, Глигор Аспровски, Коле Смиланов, Катерина Колева Смиланова и Елизабета Василева, додека Благој Илиев Клетнички, Крум Иванов Мицев и Андон Ефтимов Клетнички.
ДЕЦА НА ВОЗРАСТ МЕЃУ 13 И 16 ГОДИНИ, на подмолен начин биле убиени. Децата ги паселе коњите по ливадите. Преку денот си играле, а кога се измориле заспале. Тогаш им се доближиле група СРПСКИ ПОТЕРЏИИ, кои ги избоделе децата со ножеви додека спиеле. Родителите на децата три недели трагале по нив, а кога ги нашле нивните мајки, не можејки да ја потиснат родителската тага за изгубените рожби, трите умреле плачејки."
НЕКОИ УГЛЕДНИ СЕМЕЈСТВА ОД ВРВОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ПОТОМЦИ НА ЧЕТНИЦИТЕ НА ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ!
Пишува Блаже Миневски
Co документите за македонските четници, што ексклузивно ќе ги објави Архивот на Македонија, генерално се расветлува улогата на четничкото движење на Дража Михајловиќ во Македонија, неговата цел и стратегија. Познато е дека српските, односно србоманските четни-ци, кои дејствувале во периодот од 1941 до 1944-та година, овој дел на Македонија го третирале како Јужна Србија, односно како дел од Велика Србија. Таа нивна замислена држава требало да ја опфати целата територија на тогашното кралство Југославија, исклучувајќи само мал дел од териториите населени со чисто хрватско население. Оттука, јасно е дека македонските четници се бореле за Голема Србија, a против својата татковина Македонија.
СПИСОК НА МАКЕДОНСКИТЕ ЧЕТНИЧКИ СЕМЕЈСТВА
Според д-р Ѓорѓи Малковски, во документите што наскоро ќе бидат објавени во неколку тома од страна на Архивот на Македонија, за првпат ќе бидат обелоденети имињата на македонските четнички команданти, на обичните четници, 'црни тројки' и јатаци, a тоа веројатно ќе биде многу непријатно за десетици и десетици денес угледни семејства во Македонија.
- Четниците на Дража Михајловиќ во Македонија жестоко се бореле за враќање на кралот, кој, како што е познато, не ја признавал Македонија. Иако најголем дел од нив биле Македонци, воопшто не ги интересирала Македонија како сопствена национална држава. Затоа македонските четници жестоко се бореле за Дража Михајловиќ и за Србија,
односно за избеганиот крал, што значи против интересите на Македонија и македонскиот народ. За таа цел четничката организација во Македонија формирала свои вооружени фор-мации, градски комитети и друго, што и' давало белег на организирана воена и политичка сила.
Нивниот план во однос на Македонија бил јасен, а тоа бил планот на југословенската емигрантс-ка влада за продолжување на доминацијата на Србите со српски крал на јужнословенскиот престол. За таквиот план четниците на почетокот имале подцршка од Англија. Така, во септември 1941-та, англиската известителна служба воспоставила непосредна врска со командата на Дража Михајловиќ, од каде добивала информации за состојбите во земјата. Веднаш потоа, на почетокот од 1942-та година, Владата и кралот Петар Втори Караѓоргевиќ официјапно ги прифаќаат четниците како своја
1
период не се работело за луѓе директно испратени од Дража Михајловиќ, туку за лица кои припаѓале на групата на четничкиот војвода Коста Пеќанац. Имено, Јордан Кимов(иќ) од Куманово, деградиран артилериски поручник на бившата Југословенска кралска армија, во јуни 1941-та година илегално ја преминал демаркационата линија и со група вооружени лица дошол на планината Козјак. Тука почнал да го организира локалното население, и тоа претежно во Кривопаланечката област, а подоцна го формирал и Козјачкиот четнички одред. Cпоред писмо од Кимов испратено до Милан Недик во февруари 1942-та година, една од задачите на овој одред била 'војнички да се подготвува за да биде спремен да се бори против сите непријатели, а првенствено против бугарската војска и полиција'.
КАКО ШТО СТОИ ВО ПИСМОТО, НЕГОВИОТ ОДРЕД
храбро 'ги чувал границите од навлегувањето на Бугарите и Албанците', при што наводно имале и 'пет судири со нив'. Од друга страна, за вакви судири нема никакви документи, што може да значи дека Јордан Кимов ги измислил за да добие повисок чин или некаква функција од Главниот четнички штаб во Србија. Сепак, неговиот одред не успеал долго да се задржи на тој простор, а во септември 1942-та година бугарската полиција ги открила јатаците, кои веднаш биле затворени. Без нив, четничкиот командант Кимов веќе не можел да се снаоѓа и да дејствува на тој простор. Во документот стои дека таа 'чета се појавила во Македонија на 22 август 1941-та година, и носела развеано срп-ско знаме, а реонот на нејзиното дејствување бил од Козјак планина, Кумановско до Осоговските планини'. Притоа треба да се знае дека четниците на Јордан Кимов биле под команда на Коста Пеќанац, кој со својата чета бил стациониран на Гајтан Планина во Србија, меѓу градовите Лесковац и Пуста Рекаа. Во меѓувреме, Јордан Кимов се поврзал со Петруш Денков, познат како Петруш Козидолски од село Козидол, Кривопаланечко, со кого воспоставил блиски односи и соработка. Всушност, Денков, по наредба на Јордан Кимовиќ (Кимиќ) ја формирал и првата вооружена чета од србо-македонски четници во Кривопаланечката околија - вели д-р Малковски.
За него интересен е и податокот кој говори дека нешто порано од појавувањето на четатата на Јордан Кимов, и во велешко се појавила една вооружена група цивили, за која се смета дека биле четници. Имено, во еден од документите се тврди дека на 7 август 1941-та година командирот на бугарскиот одред во Велес известил дека била забележана вооружена група од осум цивили во месноста 'Змијало', општина Карабунишка, Велешко. Според
3
се наоѓале на теренот морале да им се покору-
ваат на Војче, Сајковски и Видоески, како на ополномоштени претставници на Дража Михајловиќ. Подготвен со сите документи и овластувања, и со помош на локален курир, Трбиќ во Македонија пристигнал во јули 1942-та година, и веднаш започнал да се ангажира за спроведување на добиените задачи од Врховната четничка команда. Најпрво се обидел кај затечените Срби во Македонија, за кои мислел дека се великосрпски настроени, a се' уште биле во Македонија. Тоа биле претежно трговци, судии, адвокати, потоа офицери, подофицери на бившата србо-југословенска армија од различни националности, како и на дел од населението во одделни краишта во Македонија, кои во минатото било под влијание на големосрпската пропаганда. Затоа во Скопје се поврзал со Љуба Љубисављевиќ, индустријалец роден во Куприја, и со негова помош брзо биле опфатени околу триесеттина лица, претежно Срби и србофили, офицери и подофицери на бившата југословенска војска. Задача им била да го организираат населението во Месни четнички одбори и чети, кои во даден момент, кога англиската војска ќе влезе во Македонија, веднаш треба да се присоединат со неа, а одборите да ја земат власта во свои раце, односно да не дозволат таа да падне во рацете на комунистите. За таа цел бил формиран Воен штаб и Акционен одбор, кои требало да се подготват за преземање на власта во Скопје. Врската со штабот во Куманово се одржувала преку Петруш Козидолски, a co Скопска Црна Гора преку Никодин Урдаревски (Урдаревиќ), кои биле поврзани со некои четнички елементи во Косово - вели Малковски.
ОД ЧЕТНИК ДО АКАДЕМИК!
Истражувајќи ги купиштата документи поврзани со четниците во Македонија, проф. д-р Ѓорѓи Малковски дошол и до податоци дека поголем број од потомците на четничките активисти останале во Македонија по ослободувањето, а некои од нив дури и многу брзо напредувале во кариерите. Така, еден од угледните четници и организатори на четничкото движење во Македонија, скопјанецот Божидар Видоески, на пример, подоцна станал редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и академик, член на МАНУ. Според Малковски, во документите можат да се идентификуваат потомци на четници на Дража Махајловиќ, кои сега се влијателни личности во некои политички партии во Македонија, а особено во главната опозициска партија. Сите тие оригинални документи, со име и презиме на сите активисти и соработници со четниците на Дража Михајловиќ во Македонија.
Bo Кичевско, пак, своја чета организирал Блажо Никодиноски, и таа директно соработувала со штабот на Дража Михајловиќ, а во селото Маврово македонските четници добиле дури и една радиостаница од штабот на Дража во Равна Гора. Во летото 1943-та година биле засилени активностите на четничката организација во Македонија, а во тоа помогнал новоформираниот штаб на Вардарскиот четнички корпус на чело со командантот Стојан Крстев (Крстевиќ), гардиски капетан на бившата југословенска армија, роден во Порече, Македонец, се разбира. Таму влијанието на Србија било огромно, па во дел од Порече и денес има селани кои носат шајкачи на главата.
Инаку, Вардарскиот четнички корпус го сочину-вале Прешевската, Кривопаланечката, Скопската, Жеглиговската и Ристовачката четничка бригада, а неговата дејност се одвивала на територијата Врање - Гњилане - Велес - Гевгелија - бугарска граница. Прешевската бригада била, под команда на поручникот Александар Горѓевиќ, и таа се движела на теренот Прешевска долина - Пчињска околија. Кривопаланечката бригада, пак чиј командант бил Ангел Манасиевски, потоа Горѓи Попов, a на крајот Петруш Стефанов, сите Македонци, се разбира, дејствувала на Кривопаланечкиот терен, додека Жиглиговската под команда на Милош Анастасиевиќ се движела до Пчиња, a Скопската бригада, под команада на Никодин Урдарески, дејствувапа на теренот на Скопска Црна Гора. Бројната состојба и вооружувањето на Вардарскиот четнички корпус не може со сигурност да се утврди, но извесно е дека на почетокот на 1944 година нејзиниот командант, Македонецот Крстев, имал околу 800 луѓе под оружје, претежно Македонци, кои се бореле за Дража Михајловиќ и за Голема Србија - вели Малковски.
ПОРЕЧКА ЧЕТНИЧКА БРИГАДА!
Според документите што тој ги открил во српските и бугарските архиви, но и во архивата на ДБК во Скопје, во август 1943 година во Прилепско била организирана конференција на воените четнички команданти, со единствена точка 'проширување на органи-зацијата на Дража Михајловиќ и воспоставување воена организација во сите села и градови во Јужна Србија (Македонија)'. Целта всушност била војска во Југославија, а на 7 февруари истата година Дража Михајловиќ веќе е унапреден во чин бригаден генерал за потоа да стане дивизиски генерал, а четири дена подоцна и министер за војската, морнарицата и авијацијата. Потпирајќи се на четниците на Дража Михајлковиќ, пребеганата влада константно ја подцржувала линијата на четничкото движење за обнова на стариот општетствено-политички систем на кралството Југославија. Оттука разбирливо било приклучувањето во четничкото движење и на Македонија како составен дел на Југославија, односно Србија. Бидејќи Македонија веќе била окупирана од Бугарија и Италија, стратегијата на македонскитe четнички '' брача '' на почетокот била само да се собираат разузнавачки податоци, a како главен четнички пункт за тоа бил градот Скопје на чело со Душан Карамитровиќ (Карамитровски). Во функција на тоа требало да се поврзат сите штабови со цел да се организира цела Македонија, а потоа, тие штабови, кои до 1943-та година биле многу слабо поврзани, директно да се поврзат со надлежните регионални штабови на Козјак и Порече. Се разбира, на тој начин полесно би се вршела комуникација со Главниот четнички штаб на Дража Михајловиќ во Србија. Тоа секако трбало да ја олесни работата на четниците во Македонија, кои чекале поволни услови за отпочнување широка борба против македонските партизани. Сигнал за таа широка борба требало да биде истоварувањето на англо-американските сили во Југославија.
Значи, македонските четници на Дража Михајловиќ требало да бидат подготвени во секој миг да ја преземат власта во Македонија вели проф. д-р Малковски, истакнувајќи дека бил фрапиран кога ги читал имињата на македонските четници во архивите, споредувајќи го она што го работеле за време на војната со нивниот статус по ослободувањето. Имено, бил зачуден од успешните кариери на некои од нив и од статусот на нивните семејства, кои и до ден денес одлично котираат во Македонија.
МАКЕДОНЦИ - ЧЕТНИЧКИ КОМАНДАНТИ НА ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ!
Според него, во првите години од окупацијата, Англија имала тесни врски со четниците, испраќајќи дури и разна помош, но и воени мисии меѓу четниците во Македонија.
- Првите обиди за формирање четничка организација во Македонија се забележани во август 1941-та година, но во тој полскиот падар Тодор Манев во групата четници биле и Стојан Несторов од село Стари Град, Велешко, како и Петруш Тошев од село Богомила, исто така Велешко. Во истиот документ стои дека во ноември таа година бил уапсен и струмичкиот српски четнички војвода Илија Кацарски, и притоа кај него бил запленет материјал кој ја потврдувал неговата србочетничка дејност. Откриени биле уште 15 негови приврзаници, кои биле уапсени по наредба на обласниот полициски началник.Ваквите четнички групи немале заедничко раководство, односно дејствувале независно една од друга. Тоа е затоа што немале цврсто раководство кое би можело да ја координира и обедини нивната активност како српски четници во Македонија. Организираното навлегување и формирање на четничка органи-зација во Македонија започнало во 1942-та година, а тоа се одвивало главно низ два прав-ца: од Косово кон Западна Македонија, и од Скопска Црна Гора, како и од Јужна Србија, кон североистоичниот дел на Македонија, за подоцна да се прошири и кон централниот дел на земјата. Во тоа време Дража Михајловиќ го елиминирал влијанието на Коста Пеќанац, вметнувајќи свои луѓе во неговите четнички одреди, преземајќи го на тој начин раководството.
За полесно да се раководи со четниците во Македонија, генерал Дража Михајловиќ во својот Главен штаб го имал задолжено мајорот Радослав Ѓуриќ, кој имал директни ингеренции за командување со ваквите одреди во Југоисточна Србија, Косово и Метохија, и во Македонија. Во првата половина од 1942 годи-на, Врховната команда на Равногорскиот штаб на Дража Михајловиќ му дала задолжение на мајорот Ѓуриќ да упати неколку групи обучени четници во Македонија со упатства како треба да создадат силна четничка организација, но и да ja прошират активноста на постојните чети и на четничкото движење воопшто. Определените групи во август дошле во Македонија и својата дејност почнале да ја развиваат преку два пункта: првиот во Скопје, Скопска Црна Гора и Куманово, и вториот во Порече, Велешко и Прилепско. Притоа, еден од најпреданите четници, кој почнал да дејставува во оваа насока, но и да организира чети во Македонија бил Миливоје Трбиќ- Војче, кој заедно со Воислав Сајковски (Сајковиќ) и Божидар Видоески (Видоевиќ), во мај ,1942 година всушност добил задача од мајорот Ѓуриќ да замине во Македонија и да формира мрежа на четничката организација во Велешко, Прилепско, Кичевско и Порече. Според овлас-тувањето што ги добил од командата на Дража Михајловиќ, четникот Војче Трбиќ можел да формира не само четничка организација, туку и штабови под Врховна команда на Дража Михајловиќ, а сите офицери и подофицери што тома, а првиот том треба да излезе веќе оваа есен.
- Согласно утврдената динамика на четничката организација во Македонија, злогласниот Војче Трбиќ, син на Василије Трбиќ, познат војвода на Великосрпската пропаганда во Македонија во времето од 1903 до 1908-та година, заедно со Војо Сајкоски (Сајковиќ) и Божидар Видоески (Видоевиќ) од Скопје, заминале во Западна Македонија, односно во Поречието. Во Порече, во рудникот Калина, групата стапила во контакт со свои приврзаници, а потоа се разделила во селото Манастирец, од каде Трбиќ и Сајкоски заминале за Велешко, односно Прилепско, посетувајќи ги селата Браилово, Десово, Долнени, Слепче, Црнилиште, Растеш, Самоков и други. Таму Трбиќ и Сајкоски всушност се обиделе да ја прошират идејата за формирање четничка организација, со овластување од Дража Михајловиќ, а меѓу главните цели било тоа Македонија да остане Јужна Србија.Освен цивилното население, Војче Трбиќ и неговиот соработник Сајкоски се обиделе да придобијат и неколку партизански единици кои веќе биле формирани на овој терен, обидувајќи се да ги стават под своја контрола, односно под контрола на Дража Михајловиќ. За таа цел, стапиле во контакт и со раководството на партизанскиот одред 'Димитар Влахов', но штом биле одбиени ги прекинале сите понатамошни обиди во таа насока.
Во Западна Македонија четниците биле распоредени во селата Железна река, Речане, Куново, Турчане, Лешница, но ги имало,и во Гостивар. Според една депеша на мајорот Ѓуриќ испратена во август 1942 година од Врховната команда на четниците на Равна Гора, во Кумановско, Кривопаланечко и на Косово и Метохија биле формирани 12 јуришни и 8 рез-ервни четнички баталјони, кои потоа се споиле со Прешевската, Кривопаланечката, Жеглиговската и Скопската четничка бригада. Во 1943-та година бил направен обид за формирање четничка организација и во делот на Македонија под италијанско-албанска окупација, па во таа насока во Струшко се формирала четничка организација од Срби, Македонци - србомани, Власи и неколку Албанци, a co цел ''зачувување на интересите на Србија'' на тој простор.
За да се придобијат повеќе луѓе, тие дури издавале и гласило на ''македонски дијалект'', надевајќи се дека тоа ќе помогне да се придобие локалното македонско население. За да помогне во таа насока, од Белград бил испратен лично Душан Крстиќ, близок соработник на Дража Михајловиќ. Тој по пристигнувањето се сместил во селото Подгорци, каде што имало силно упориште на српската четничка организација на Дража Михајловиќ, зa да се формира нов Поречки корпус, но таков корпус сепак не бил формиран, туку била формирана само Поречка четничка бригада. Во септември, Војче Трбиќ се обидел да формира и Прилепска четничка бригада, но не успеал поради слабиот одзив на населението.
- Поречката бригада броела околу 200 луѓе, и таа имала неколку вооружени судири со единиците на македонската војска. И другите четнички единици имале спорадични престрелки со партизаните во Кумановско и Скопско, но во текот на 1944-та година македонските четници биле целосно разбиени и дефинитивно се повлекле од територијата на Македонија. При разбивањето на последните четнички одреди, дел од четниците се фрлиле во реката Пчиња, a 97 четници биле заробени, при што се запленети 100 пушки, два пушкоми-тралеза, еден минофрлач, шест автомати и многу муниција.Борбите продолжиле и на шести март 1944-та година кај Ново Село, каде што биле заробени уште 30 четници, за на крајот сосема да бидат разбиени на Козјак, по што тие дефинитивно престанале да дејствуваат на територијата на Македонија.
Некои загуби за српската жандармерија во судир со македонските комити 1918-1934
Првите две години на Кралството СХС бројот на жандармите во Македонија надмина 1.700 луѓе, иако безбедносната ситуација на албанската и на бугарската границата е критична. Веќе во 1921 присуство жандармјата е зголемена а до 1928 и до 8.000, односно. две третини од вкупниот состав. Бројот на лицата, за борба против македонските комитити е 25.000 луѓе. Во Македонија е концентриранa армија од 40.000 војници и 10.800 жандармери.Според Министерството за финансии до 1925 година жандармеријата на Кралството на СХ Србите го надминала бројот од 21.000 жандарми.
Законот на југ, со исклучок на командиот полк во Скопје, не постои . до средината на 1931 жандармерискиот состав брои 18.203 (од кои 442 службеници
и 35 воени офицери) и 2.499 полицајци од извршната и државната полицијa. 1919-1934. година се потрошени 173 милиони динари за финансирање од 1200 жандарми кои беа чувари на Вардар пpугата.
Во 1934 составот на жандармеријата е малку намален поради "добра волја и соработката на граѓаните ", но секако и поради ликвидација на македонското комитско движења во рамките на Бугарија (Пиринска Македонија ).
1912 - 34 депортирани се 150.000 македонци oд Вардарска Македонија.
Пораката на Тодор Александров : '' Убијте пет, па ние ќе убиеме по петстотини. "
Навистина, неколку комитски напад силно одекнаа во во јавноста, со убиството на капетанот Евгениј Модерчина и пет жандарми (мај 1922), масакрот на селаните во Сучеву (септември 1922)
ликвидација на 23 жители Кадрифалково (јануари 1923), при што загинаа осум војници и двајца жандармериски офицери во Тонатарци (март 1923), егзекуција на Спасоја Хаџи-Поповиќ, сопственик битолскиот весникот (јули 1926), убиен мајорот Ковачевиќ во Штип (октомври 1927), убиството на претседателот на општинскиот суд во Гевгелија (декември 1927) и Велимир Прелича, Правен советник голема градоначалник на Скопје (јануари 1928), неуспесхен атентат на на еден висок полициски функционер Зукер Лазиќ во Белград (јуни 1928), а потоа десетина терористички напади врз јавни објекти во кои загинаа и 94 лица беа повредени, 28 бомбашки напади врз железницата Димитровград- Ниш и Врање-Скопје-Гевгелија. И на почетокот на следната деценија, продолжија нападите на јавни места, во март 1930 во една таверна во Струмиц комита фрлил граната врз полицијата од кои 16 лица беа повредени, а во октомври истата бил убиен во Охрид жандармериски наредник.
Од друга страна, Џон Катарџиев новинар, смета дека во периодот 1919-1929. Во Македонија југословенската влада инспирира или направени повеќе од 1.500 политички убиства, и во Вардарскиот регион беа 54.700 жандарми и војници под оружје.
Во обид да се привлече вниманието на Лигата на Народите за ситуацијата во Вардарска Македонија, Димитар Влахов во 1930 година, објави напис во Виена : Дека од 1918 година. преку 25.000 Македонци беa осудени на долга робија.
Информации кои се пренесуваат од еден хрватски весник велејќи дека првите три Југословенската влада во Македонија, резултира со убиството на 742-мина
уништување на 50 џамии и 6.344 куќи и 132 села изгорени , убиени 55.068 луѓе.
Арчибалд Рајс писхува дека во борбите со комитите до 1923 година околу загинале 3.000 српски војници и жандарми.
Во периодот 1919-1927. во борбата против к омитетите биле убиени само осум жандарми, 387 повредени, а поради "Напорна работа" и лошата хигиена на албанската и бугарската граница смртни случаи имало дури 755 жандарми.
Статистика на полицискиот командант генерал Душан Марковиќ покажува дека е во конфликт со комитите и албанските кацхаци 1918-1931 година биле 736 загинати, повредени 399, како и 1.405 повредени жандарми.
Според бригадниот генерал Милутин Стефановиќ во рамките на првата децениjа на СХС Југословија , 11 жандармиски офицери и 816 жандарми загинале
Слично на ова, Жандармерискиот календар зборува дека во борбата против качаците и комитите жандармеријата загуби девет офицери, а повеќе од 670 жандарми.
Bо текот на периодот 1919-1934 се евидентирани 467 комитски напади во кои загинаа 185 луѓе, повредени 253 полицајци и 288 цивили